Креирајте ја Вашата сопствена ексклузивна транспортна берза
Ако претпочитате познати превозници, имате можност да ги објавите вашите понуди со товари во вашата сопствена мрежа на транспортни партнери: затворената транспортна берза на TIMOCOM. Вашите понуди со товари ќе бидат видливи исклучиво за избраните партнери, но доколку е потребно, може да се постават и јавно на транспортната берза на TIMOCOM.
Кои се предностите на затворена транспортна берза?
Доделувајте налози исклучиво на деловни партнери на кои веќе им верувате. На тој начин градите долгорочни партнерства.
Наместо да се занимавате со нерелевантни барања, тука се потпирате на веќе познати деловни партнери кои нема потреба повторно да ги проверувате.
Сите понуди на едно место: Заштедете време при изборот на вашите транспортни партнери и испраќајте одбивања автоматски.
Преку ексклузивната понуда на товари и товарен простор во вашата мрежа, можете да издејствувате подобри услови.
Како иницијатор, можете слободно да ја одредите распределбата на правата и правилата за соработка. Дополнително, ќе добивате месечен извештај за успехот.
Останете флексибилни: Доколку вашиот товар не биде доделен во одреден временски рок, можете автоматски да го објавите општата понуда на транспортната берза.
Како функционира доделувањето на транспортот во затворената транспортна берза на TIMOCOM
Креирајте информативна понуда са товар како и обично, со сите детали за налогот. Во делот „Ограничување на објавувањето“ изберете ја вашата Затворена транспортна берза.
Во Затворената транспортна берза се наоѓаат само вашите познати транспортни партнери, кои претходно ги додадовте. Со објавувањето на понудата за товар во вашата Затворена транспортна берза, вашите преферирани даватели на услуги автоматски добиваат известување за вашата понуда за товар.
50 % од сите товари се доделуваат преку затворената транспортна берза!
Доколку е потребно:
Поврзете ја сигурноста и флексибилноста: Ниту еден од Вашите омилени транспортни партнери не одговара на барањето? Објавете ја Вашата понуда за товар автоматски во отворената транспортна берза по однапред поставено време.
82 % од сите товари се доделуваат на отворената транспортна берза во рок од 15 минути!
TIMOCOM затворена транспортна берза: Искуства на нашите клиенти
Чести прашања од налогодавачите за TIMOCOM Затворената транспортна берза
Една важна разлика е интеграцијата на целата TIMOCOM мрежа. Бидејќи многу транспортни компании веќе се TIMOCOM клиенти, активирањето е многу едноставно и не бара дополнителни ИТ-ресурси. Системот за плаќање е многу транспарентен. Покрај тоа, платформата нуди флексибилни можности за користење.
Типичниот случај на употреба е доделувањето на транспортни налози на даватели на услуги, чиј стандард на квалитетен е веќе познат од претходна соработка. Сите тие се праќаат истовремено – целосно без користење на е-пошта – преку затворената транспортна берза. На тој начин лесно прво ги достигнувате вашите преферирани транспортни партнери, но по одредено време можете да се обратите и на јавната транспортна берза, доколку ниту еден од вашите постојани транспортни партнери нема слободни капацитети. Затворената транспортна берза помага да се одржуваат високи квалитетни стандарди и истовремено да се остане флексибилен.
Во внесувањето на товарот, како налогодавачи ќе најдете можност за избор при креирање на нова понуда со товари. Членовите на Затворената транспортна берза ја наоѓаат листата во пребарувањето на товари, каде може да се користи соодветен филтер.
Можете да додадете неколку илјади учесници во Вашата Затворена транспортна берза. Техничката граница во моментов е во нискиот петцифрен опсег – работиме на нејзино понатамошно проширување.
Да, можат да создадат повеќе Затворени транспортни берзи и дури да ги поврзат меѓусебно, така што барањата прво се пренасочуваат кон првата, потоа кон втората, третата и така натаму. Исто така, секогаш е можно автоматско пренасочување во општата транспортна берза.
Доколку учесниците на Затворената транспортна берза се корисници на TIMOCOM, поставувањето по потпишувањето на договорот трае само неколку часа. Доколку сакате да додадете и превозници кои не се корисници на TIMOCOM, тие прво мора да поминат процес на онбординг – во тој случај поставувањето трае неколку дена.
Одлуката ја оставаме на Вас. Според искуството, за непречена комуникација најлесно е ако самостојно ги информирате учесниците. Ние со задоволство ќе Ви помогнеме со материјали за воведување за Вашите транспортни услуги. По желба, можеме и ние да ја преземеме комуникацијата со транспортерите – под услов тие да се корисници на TIMOCOM.
Чести прашања од налогоземачите за TIMOCOM Затворената транспортна берза
Во моментов нема фиксна постапка за аплицирање. Заинтересираните треба директно да се обратат до TIMOCOM. Обично, сопствениците на Затворена транспортна берза ги покануваат своите сопствени налогоземачи.
Препорачуваме да ја означите опцијата во поставките за известувања кај „Пораки за нови понуди во Затворена транспортна берза“. Потоа ќе добивате е-мејл известување за секоја нова ексклузивна понуда. Доколку тоа не е посакувано, во пребарувањето на товари може да се постави филтерот за вашата Затворена транспортна берза за да ги гледате понудите во Road Freight Marketplace.
Учеството во Затворена транспортна берза е бесплатно за налогоземачите. Иницијаторот ги покрива трошоците.