

Наградата која ја доделува издавачката куќа ЕТМ ги наградува активностите и развојот на иновативните производи и услуги за транспортната и логистичката индустрија. Вкупно гласаа 11.413 читателите на eurotransport.de, lastauto omnibus, trans aktuell и FERNFAHRER и беа согласни: TimoCom повторно е најдобра марка во категиријата „транспортни берзи“. Но, за TimoCom гласањето оваа година беше уште поуспешно бидејќи ИТ фирмата го доби и 3-тото место во новата категорија „логистички платформи“. Оваа особена награда го покажува следното: Клиентите препознаа дека TimoCom ги носи со себе во процесот на дигитализација и ги исполнува различните барања на сите учесници во логистичкиот синџир. 


Пелаги Мепин, раководител на маркетинг кај TimoCom,  ја прими ЕТМ наградата во резиденталниот замок во Лудвигсбург: „Наградата ни потврдува дека TimoCom платформата ја развиваме и оптимизираме според потребите на нашите клиенти и нивните индивидуални потреби. Наградата во новата категорија „логистички платфоми“ е дополнителен знак за тоа дека успешно ја извршивме трансформацијата од чиста транспортна берза во комплетна транспортна плаформа со апликации што им помагаат на сите вклучени во транспортот. На ова место уште една срдечна благодарност до сите читатели на ЕТМ и до верните клиенти на TimoCom!“ 


  


TimoCom новина„TC Transport Order®” 


Кога сме кај темата иновативни производи и услуги - од почетокот на Јули на располагање во транспортната платформа е и TC Transport Order®“  Новата апликација ги дигитализира транспортните налози и им овозможува на повеќе од 120.000 корисници целосно дигитално спроведување на налози во платформата на TimoCom. 


  


Со оваа и други иноваци, TimoCom сака и во следната година да собере поени на ЕТМ нградите.