

Прогнозираниот економски развој јасно се чувствува
Според еден извештај на светската трговска организација (анг. World Trade Organization, WTO) обемот на светската трговија уште во тековнта година треба да се зголеми за 2,4 проценти. Позитивниот развој веќе можеше да се забележи во изминатите две велигденски седмици. Така, на 19 април транспортниот барометар на TimoCom забележа сооднос на понудени утовари и утоварен простор од 87:13. Тоа значи од вкупно 766.620 понуди за секој слободен камион имало седум понуди за утовари. Од тоа јасно е дека имало многу поголем број на понуди за утовари кои требало да се транспортираат во однос на слободни камиони. 

Велигденски бум на улиците и на транспортната платформа
Гунар Гбурек, портпарол на TimoCom, наведува два важни фактори за актуелно надпросечната побарувачка на слободни капацитети во патниот транспорт: „Велигденските празници како и велигденскиот распуст се виновници за јасно зголемената потрошувачка. Друг позитивен фактор е и умереното време, кое ги носи луѓето и стоката на патиштата. Големи варијации на пазарот и во иднина ќе се чувствуваат се почесто. Затоа е уште побитно за налогодавачите и налогоземачите од транспортната и логистичката бранша да се вмрежат дигитално и со тоа да се погрижат за редукција на комплексноста. Платформата на TimoCom е идеално средство, да се реагира флексибилно, ефикасно и сигурно на сите ситуации на пазарот.“ 

