

Комуникативно и транспарентно 


Една од причините за изборот на ИТ Фирмата, според Тесинга е директната комуникација со клиентите. Над 50 вработени од различни земји секојдневно зборуваат со повеќе од 2000 корисници на TimoCom во врска со функциите на платформата и одговараат прашања во врска со транспортниот бизнис. Во делот на социјалните медиуми Facebook страната на TimoCom стана битен дигитален канал, бидејќи на фирмата и овозможува комуникација со клиентите во реално време. „Ништо не е поубедливо од директна и лична реакција на фидбек“, објаснува маркетинг професионалецот. „Нашиот тим за социјални медиуми кај нашите клиенти активно прашува за мислење околу одредени аспекти на транспортната платформа.“ 


Оваа директна размена не е само мотивирачка за клиентите туку го поттикнува и општото задоволство до брендот, тоа е и дел на филозофијата на фирмата и со тоа и во подсвеста на вработените.  Така што не е многу за чудење, што еден вработен на TimoCom пред изборот вети, во случај на повторена победа, од радост во костим ќе скокне од петметарска скокалница. Дека ветувањето уредно е исполнето, се разбира, може да се уверите на Facebook страната TimoCom.

