

Од Кина низ Европа до Еркрат 


На своето патување низ Европа, владината делегација веќе имаше посетено транспортни центри во Лондон, Амстердам и Минхен за да добие претстава како меѓусебно се интегрираат копнениот, поморски и шинскиот транспорт. Уште во својата татковина при прабарување по сериозна европска платформа, наидуваат на TimoCom. Во Кина се повеќе на значење добиваат темите како оптимизација на транспорт и искористување на возилата. Не помина долго време пред да стане јасно дека ќе дојдат и во Еркрат на посета кај TimoCom. 


Тоа се случи во понеделник на 20.06.2016 . Единаесетте членови беа пречекани во TiComplex на TimoCom од страна на Chief Representative Марсел Фрингс и неговата асистентка Надин Ројтерсберг. Посетата започна со обиколка низ четирикатното здание на фирмата. Додека поединечните одделенија и одделенија беа накратко претставувани, Марсел Фрингс раскажуваше за успешната историја на европскиот лидер на пазарот помеѓу берзите на утовари и утоварен простор. Уште од самиот почеток, гостите беа многу заинтересирани. Соодветно на тоа беше и вниманието кон објаснувањата на портпаролот на фирмата. Во маркетинг одделот, зборуваше за различните култури, кои не се само специфични за клиентите на TimoCom туку и интерно за вработените. Потоа ја поведе делегацијата во ИТ одделот, во кој постојано се развива и оптимизира транспортната платформа за употреба на клиентите. Откако сите катови и оддели беа посетени,  членовите на делегацiјата седеа во удобна атмосфера во сопствениот ресторант „тимос есцимер“ и возбудено го слушаа Марсел Фрингс како им го презентира портфолиото на TimoCom. Освен од берзата на утовари и утоварен простор, решението за пресметки и следење на возила, деловниот адресар и функцијата за јавни објави за редовни транспортни налози, гостите беа особено воодушевени и од берзата на складишта. По завршување на презентацијата на фирмата, членовите возбудено поставуваа прашања за развојот на TimoCom како и целните групи и основните точки на успехот.  


Откако сите прашања беа одговорени, владината делегација се поздрави.  Ова сигурно не е последниот разговор. Изгледа дека имаат голем интерес за TimoCom за во сопствениот сообраќаен простор“, на мислење е Фрингс.

Оваа посебна посета покажува дека TimoCom не само што спојува утовари и утоварен простор, туку и различни континенти вон постојаниот работен простор и неговите географски граници.

