

Предности на TIMOCOM AI за искусните корисници но и за новајлии во логистиката


TIMOCOM со воведувањето на TIMOCOM AI започна нова ера во управувањето со товари. Што може да направи оваа нова функција и како функционира?

Првата имплементирана функција е  ВИ-поддржано внесување на товари. Со ова, корисниците можат побрзо и поефикасно да објавуваат понуди со товари . Откако ќе се кликне на „Генерирај“ во формуларот за понуди на товари, се појавува дијалог-прозорец. Тука може да се внесат информациите за товарите преку Copy & Paste или преку Drag & Drop, или да се аплоудира во форма на датотека.

Корисниците, на пример, го копираат текстот од е-пошта што ја добиле со транспотрниот налог. Или прават снимка од екранот и ја поставуваат. Или ги копираат и пренесуваат релевантните информации од Excel табела. 

Вештачката интелигенција ги чита податоците од PDF документи, снимки од екранот или текстови од е-пошта – и автоматски создава понуда со товар врз основа на овие информации. Корисникот го проверува целото тоа уште еднаш, дали сè е во ред, и кликнува на „Објави“. Тоа значи дека TIMOCOM AI значително го намалува мануелниот труд. Може да се создадат понуди со товари за помалку од 20 секунди. Тоа значи големо поедноставување и заштеда на време.
 

Како TIMOCOM AI ги подобрува вашите понуди со товари? Проверете ги најчесто поставуваните прашања (FAQ) и дознајте повеќе за oваа функција!

TIMOCOM AI најчесто поставувани прашања (FAQ)

 

Дали има други предности на TIMOCOM AI освен заштеда на време? 

Дефинитивно. 4-те најважни предности покрај заштедата на време се:
Квалитетот на податоците се подобрува. Информациите кои можеби сè уште недостасуваат се логично изведени од постоечките податоци. На пример: Ако корисникот внесе 10 палети, вештачката интелигенција знае дека тоа резултира со 4 товарни метри. Исто така, го одредува правилниот вид на надградбата, додава карактеристики на возилото што одговараат на товарот итн.
 
Ова пак води до следната голема предност: TIMOCOM AI им помага на корисниците кои сè уште немаат голема логистичка експертиза правилно да ги пополнат понудите. Со оглед на недостигот на персонал во транспортната логистика, ова е уште еден важен чекор напред. 
 
Бидејќи понудите стануваат поцелосни, без грешки а со тоа подобри , затоа налогодавачите знаат точно што можат да очекуваат. Има помалку прашања за налогот - и во најдоброто сценарио, договорот се постигнува побрзо. 
 
Ги надминуваме и можните јазични бариери благодарение на интегрираната функција за превод . ВИ ја препознава содржината на сите јазици присутни на дигиталниот пазар и потоа може да ја преведе на јазикот што корисникот си го поставил за себе. 
 

Повратни информации од тест-корисниците за новата функционалност.

 

Дали корисниците можеа претходно да го тестираат TIMOCOM AI? И каква беше реакцијата?

Повратните информации од корисниците кои претходно ја тестираа функционалноста беа генерално целосно позитивни. Без исклучок, сите испитани тест-корисници, односно навистина 100 %, можат да си претстават редовно да го користат TIMOCOM AI по неговото воведување. 93 % се согласија дека TIMOCOM AI значително го забрзува внесувањето на нивните понуди со товари. 86 % сеуверени дека TIMOCOM AI помага во избегнување на грешки. 

Поглед во иднината: Натамошен развој во логистиката поддржана од вештачка интелигенција.
 

Што е следно за транспортната логистика поддржана од вештачка интелигенција?

Ние сакаме продолжуваме да го олеснуваме работниот ден на нашите корисници – и во таа насока ќе интегрираме вештачка интелигенција во дополнителни Services на TIMOCOM Road Freight Marketplace.

 

За Давид Мог:

Дејвид Мог е менаџер на производи во TIMOCOM и одговорен за развој на иновативни решенија во транспортната логистика. Со двојна диплома за бизнис администрација и драгоцено искуство во DHL Freight, тој носи сеопфатно стручно знаење. Дејвид работи во TIMOCOM од 2016 година и од 2019 година е одговорен за неколку услуги и интерфејси

Познат по своите посветени предавања, Давид со задоволство ги споделува своите набљудувања и активно соработува со клиентите. Неговата љубопитност и многубројните разговори со партнери го поттикнуваат да се стреми кон постојано барање нови решенија и подобрувања.

 