Причини во корист на TIMOCOM
Безбедно:
TIMOCOM врши строга безбедносна проверка на сите нови клиенти како и континуирани контроли за да се обезбеди транспарентност и доверба при секоја деловна трансакција.
На располагање
Ние сме тука за нашите клиенти: Дојдете кај нас со вашето барање. Ги придружуваме на секој километар.
Огромна мрежа
Пристап до нашата безбедна транспортна берза со повеќе од 53.000 можни меѓународни деловни партнери, сите проверени.
Мислењата на нашите клиенти за TIMOCOM
„Пазарот за транспорти го олеснува нашето пребарување за слободен товарен простор и превозници, а исто така заштедуваме и многу време.
Петра Кох, IBIS Baked Goods
„Нашата компанија е целосно задоволна од меѓународната услуга за наплата на долгови на TIMOCOM. Можам само да ja препорачам и на другите клиенти на TIMOCOM! На компаниите им дава одредено чувство на сигурност и тие се чувствуваат во добри раце“.
Кити Хатвани, MEM BAU Srl.
Најважните прашања за транспортните компании кои го користат TIMOCOM
Ние вршиме сеопфатна безбедносна проверка за секој нов клиент. Имаме строга политика за пристап, така што само компании со високи стандарди можат да пристапат до нашата ексклузивна мрежа. Покрај тоа, ние постојано ги следиме нашите клиенти и редовно проверуваме дали има промени за да можат нашите клиенти да им веруваат на своите деловни партнери.
Нормално, вашиот нов превозник или транспортен партнер ги обезбедува сите потребни официјални документи. Ако е потребно, едноставно треба да посочите дека е потребно царинење. Тогаш вашиот нов деловен партнер се грижи за понатамошните чекори.
Да, покрај експертска поддршката, нудиме следење на возила во реално време. Во секое време можете да ги следите вашите пратки во делот на управување со возила.
Условите на плаќање зависат од соодветната транспортна компанија и TIMOCOM нема никакво влијание на тоа. Пред да го потпишете договорот директно ги договарате условите за плаќање со вашиот нов потенцијален партнер. Оттука веќе ги знаете вашите обврски.
На нашите клиенти им препорачуваме да ја користат функцијата за транспортни налози достапна на нашата транспортна берза. Оваа функција исто така го активира и пристапот до нашата услуга за наплата на долгови. Ако имате проблеми со неподмирени плаќања, нашиот тим ќе ви помогне да си ги наплатите вашите побарувања.