TIMOCOM, безбеден онлајн пазар за индустриски и трговски компании

TIMOCOM се залага за безбедни, интелигентни и едноставни мрежи низ цела Европа, како за трговците, производителите, така и за транспортните и сообраќајните компании.


На нашата транспортна берза секој ден ќе најдете и до 1.000.000 понуди na слободни возила и товари од повеќе од 53.000 проверени компании.


Нашите алатки ги поддржуваат клиентите во оптимизирање на нивните процеси, ја подобруваат профитабилноста и овожможуваат контакт со вистинскиот давател на транспортни услуги за нивната стока.

Интегрирајте ги нашите интерфејси беспрекорно во вашиот постоечки систем и внимавајте на сите информации за транспортот во реално време со следењето на пратката во живо на TIMOCOM.  Благодарение на нашата стручна поддршка, можете безгрижно да работите  


Со единствен онлајн пазар, TIMOCOM нуди врвно решение за зголемување на ефикасноста кај сите транспортни процеси од почеток до крај.
 

Пронајдете сега партнери
TIMOCOM-транспортна-берза-за-транспортни-компании

Причини во корист на TIMOCOM

Безбедно:

TIMOCOM врши строга безбедносна проверка на сите нови клиенти како и континуирани контроли за да се обезбеди транспарентност и доверба при секоја деловна трансакција.

На располагање

Ние сме тука за нашите клиенти: Дојдете кај нас со вашето барање. Ги придружуваме на секој километар.

Огромна мрежа

Пристап до нашата безбедна транспортна берза со повеќе од 53.000 можни меѓународни деловни партнери, сите проверени.

Мислењата на нашите клиенти за TIMOCOM

logo_ibis

„Пазарот за транспорти го олеснува нашето пребарување за слободен товарен простор и превозници, а исто така заштедуваме и многу време.


Петра Кох, IBIS Baked Goods

logo_mem bau

„Нашата компанија е целосно задоволна од меѓународната услуга за наплата на долгови на TIMOCOM. Можам само да ja препорачам и на другите клиенти на TIMOCOM! На компаниите им дава одредено чувство на сигурност и тие се чувствуваат во добри раце“.

Кити Хатвани, MEM BAU Srl.

Најважните прашања за транспортните компании кои го користат TIMOCOM

Ние вршиме сеопфатна безбедносна проверка за секој нов клиент. Имаме строга политика за пристап, така што само компании со високи стандарди можат да пристапат до нашата ексклузивна мрежа. Покрај тоа, ние постојано ги следиме нашите клиенти и редовно проверуваме дали има промени за да можат нашите клиенти да им веруваат на своите деловни партнери.

Нормално, вашиот нов превозник или транспортен партнер ги обезбедува сите потребни официјални документи. Ако е потребно, едноставно треба да посочите дека е потребно царинење. Тогаш вашиот нов деловен партнер се грижи за понатамошните чекори.

Да, покрај експертска поддршката, нудиме следење на возила во реално време. Во секое време можете да ги следите вашите пратки во делот на управување со возила. 

Условите на плаќање зависат од соодветната транспортна компанија и TIMOCOM нема никакво влијание на тоа. Пред да го потпишете договорот директно ги договарате условите за плаќање со вашиот нов потенцијален партнер. Оттука веќе ги знаете вашите обврски.


На нашите клиенти им препорачуваме да ја користат функцијата за транспортни налози достапна на нашата транспортна берза. Оваа функција исто така го активира и пристапот до нашата услуга за наплата на долгови. Ако имате проблеми со неподмирени плаќања, нашиот тим ќе ви помогне да си ги наплатите вашите побарувања.

нагоре