Предностите на TIMOCOM за шпедиции

Доверливи деловни партнери

Транспарентноста, заштитата и довербата се основата на успешните деловни односи. Затоа, сите корисници подлежат на внимателна проверка пред да потпишат договор за да се обезбеди високо ниво на безбедност и доверливост.

Пронаоѓање и поставување на транспортни налози

Направете го вашиот транспортен бизнис флексибилен и сигурен за иднината. Зголемете ја вашата ефикасност со привлекување нови клиенти и даватели на транспортни услуги да работат со вас во секое време и брзо реагирајте на промените на пазарот.

Управување со транспорт што заштедува време

Од добивањето на налози преку планирање и имплементација па се до наплата: Потпрете се на сеопфатно управување со транспортот од еден извор. На овој начин можете точно да го искористите вашето драгоцено време и да ја зголемите продажбата.

Секојдневна понуда на нови товари и товарен простор на транспортна берза на TIMOCOM

Добивајте секој ден и до 1 милион меѓународни понуди на товари и товарен простор од 46 европските земји. Веќе повеќе од55.000 клиенти веруваат во решенијата на TIMOCOM.

TIMOCOM Road Freight Solutions за шпедиции

Шпедитери наоѓаат тендери за редовни транспорти

Најдете налози со тендери за редовен транспорт

Освојте нови деловни партнери за повторливи налози: Тендерите на TIMOCOM ви нудат пристап до национални и европски тендери за транспорт.

Шпедитерите поставуваат и наоѓаат транспортни налози на дигиталниот пазар на TIMOCOM

оптимизирајте ја искористеноста на флотата со камиони и поставете понуди со товари

Транспортните компании наоѓаат соодветни налози со TIMOCOM транспортната берза или ги објавуваат своите понуди со товари со помош на TIMOCOM AI за помалку од 20 секунди.

Одредете ја точната рута до дестинацијата и пресметајте ги точните трошоци

Оптимизирање на планирањето на рутите и трошоците

Извлечете повеќе од вашиот бизнис со шпедиција со релациите и трошоците на TIMOCOM. Планирајте ги вашите рути поефикасно и пресметајте ги трошоците за транспорт со само неколку кликања.

Cентрално и дигитално со транспортните налози

Управувајте со транспортните налози на начин што заштедува време и без хартија

TIMOCOM транспортните налози го поедноставуваат вашето прибирање и администрација на податоци. Комуницирајте лесно, брзо и прецизно со вашите клиенти на 27 јазици.

TIMOCOM затворената транспортна берза

Доделете транспортни налози на познати даватели на услуги

Флексибилност и безбедност: Со вашата сопствена Затворена транспортна берза на TIMOCOM, ја нудите вашата актуелна понуда со товари на вашите познати транспортни партнери.

Над 55.000 клиенти му веруваат на TIMOCOM Road Freight Marketplace

Quote Teodora Teleaga

„TIMOCOM е како кратенка која директно води до посакуваниот резултат и ги остава другите методи во сенка. На пример, ако нашите возила се веќе целосно натоварени или сè уште се на пат, користиме соодветни споредби во TIMOCOM за да ги испратиме преостанатите товари на пат. Откако почнавме да работиме со TIMOCOM, успеавме за околу 12% годишно да го зголемиме бројот на транспорти што ги извршуваме“.

TIMOCOM искуства од Теодора Телеага, TST Logistik GmbH

Најчесто поставувани прашања од шпедиции

Во вообичаена пракса, ќе бидете активирани за употреба по само неколку дена. За да им пружиме најголемо можно ниво на безбедност на нашите клиенти, фирмите мора да исполнат одредени услови. Пред да се склучи договор, се проверуваат одредени деловни документи (кои варираат во зависност од типот на фирмата). Пристапот до oad Freight Marketplace е генерално возможен само по 6 месеци постоење на компанијата. Не е потребнo сложено ИТ поврзување.

Месечната паушална претплата за користење на TIMOCOM Road Freight Marketplace зависи од бројот на корисници, минималниот рок на договорот и циклусот на плаќање. Составете ја соодветната  понуда за вашата компанија на нашата онлајн продавница.

Цените се договараат директно помеѓу деловните партнери. Транспортниот барометар на TIMOCOM ви ги покажува актуелните понуди на товари и товарен простор во дневната понуда на берзата. Ова пребарување е можно за релации меѓу 46 европски земји. Притоа транспортниот барометар ви овозможува поефикасно планирање на вашата диспозиција како и преглед врз флуктуациите за пазарот. Дополнително, ви обезбедува солидна база на податоци за преговори и пресметки за цените.

Не. Транспортните зделки се склучуваат директно меѓу учесниците.

TIMOCOM не посредува сам за транспортни налози, туку го два на располагање Road Freight Marketplace како платформа за наоѓање и доделување товари и товарен простор.

Условите за плаќање генерално се преговараат меѓу самите компании. Исто така, имате можност да ја користите TIMOCOM услугата за плаќање на нашиот партнер JITpay™, која е достапна во некои земји. Ова ви овозможува да ги обезбедите вашите налози и да ги добиете парите набргу откако ќе се изврши транспортот.

нагоре