Вашите предности на еден поглед:

Брзо
  • Едноставно и удобно онлајн аплицирање
  • Брзо и дипломатско решение во управувањето со побарувањата
Безбедно:
  • Eфикасна поддршка при наплатата на вашето побарување
  • Поддршка низ цела Европа на 27 јазици
Доверливо
  • Официјално регулаторно одобрение од 2003 година
  • Над 82% успешни случаи

Inkasso International е вашиот ефикасен партнер за управување со побарувањата. Ние посредуваме за вас на 27 јазици. Ако вашите деловни партнери не плаќаат, можете да се потпрете на компетентна и сигурна помош од нашиот услужен тим за наплата на долгови. Вашите побарувања ќе бидат брзо, евтино и вонсудски обработени, за од случај на неисполнување на обврските да не настане правен спор. Праведноста и разбирањето обезбедуваат вашите деловни врски да продолжат да постојат.

За секој налог се договара такса за обработка во висина од 25 €. Во случај на успех, TIMOCOM на налогодавачот ќе му пресмета и премија за успешност, која дополнително се додава на таксата за обработка. Оваа пресметка се врши во согласност со законските одредби на RVG (Закон за наградување на адвокатите). Пресметајте ги вашите давачки во само неколку чекори!

Пријавата во детали

  1. Внесување адреса
  2. Поставување на датотека
  3. Преглед и давање на налог


Ова го велат нашите клиенти

Најчесто поставувани прашања за меѓународната услуга за наплата на долгови

Да, услугата за наплата на долгови е на располагање за сите клиенти на TIMOCOM. Ако сè уште не сте потпишале договор, можете да се регистрирате овде >>.

Не. Нашиот тим ќе биде среќен да ви помогне со сите отворени побарувања кои не биле создадени со користење на онлајн пазарот на Smart Logistics системот. Испратете ни го сега вашиот случај за наплата на долгови.

Во 2021 година успеавме успешно да посредуваме во повеќе од 87% од случаите.

Наплаќаме надомест за обработка од 25,00 €. Само во случај на успех, наплаќаме дополнителна премија за нашиот ангажман, која зависи од износот на побарувањето. Ова премија е во рамките на германските закони за давачки и пред да се поднесе налогот може да се утврди износот со помош на нашиот калкулатор за надоместоци. Тука може за да го пресметате износот во случај на успех.

Во основа, се применуваат правните принципи за штети предизвикани од одложување, соодветно на Директивата на ЕУ 2011/7 / ЕУ. Треба да доведе до тоа, отворените побарувања да се плаќаат што побрзо. Од влегувањето во сила на оваа директива во земјите на ЕУ, се применуваат нови права и обврски во случај на задоцнето плаќање. За доверителите и должниците, важи следново:

Фактурите кон претприемачите автоматски се сметаат за заостанати долгови 30 дена по датумот на доспевање. Условите за плаќање над 60 дена се дозволени само во исклучителни случаи. Меѓутоа, ако има неисполнување на плаќањето, доверителот може да бара одредени трошоци за наплата на своето побарување од должникот, како и затезна камата.
Трошоците за наплата може да ги вклучуваат трошоците за наплата настанати како резултат на доцнењето на плаќањето, како и трошоците за наплата, адвокат или известување за плаќање.. За доверителите, тоа значи дека тие ќе можат да си ги повратат трошоците за услугата за наплата на долгови. Во трошоците што се надоместуваат вклучен е и надоместокот што се плаќа во случај на успех. Ова значи дека доверителот може да бара од должникот да ги плати сите трошоци за наплата, основната такса, вклучително и надоместокот за успех,доколку побарувањето е ненаплатено, а должникот е одговорен за неисполнувањето на обврската.

Важно е овие правила да се применуваат само за фактури

  • кои се засноваат на договорена услуга, значи не за штета или двојно плаќање,
  • каде одложувањето може да се докаже и
  • должникот е со седиште во ЕУ.

Веќе не е потребен потсетник или слично барање за плаќање од страна на доверителот, но може да се направи доброволно и сèуште е многу корисно и препорачано за воопшто не се дојде до ова.

  • Бугарски (BG)
  • Дански (DA)
  • Германски (DE)
  • Англиски (EN)
  • Фински (FI)
  • Француски (FR)
  • Грчки (EL)
  • Италијански (IT)
  • Хрватски (HR)
  • Латвиски (LV)
  • Литвански (LT)
  • Македонски (МК)
  • Холандски (NL)
  • Норвешки (NO)
  • Полски (PL)
  • Португалски (PT)
  • Романски (RO)
  • Руски (RU)
  • Шведски (SV)
  • Српски (SR)
  • Словачки (SK)
  • Словенечки (SL)
  • Шпански (ES)
  • Чешка (CS)
  • Турски (TR)
  • Украински (UA)
  • Унгарски (HU)


Да, нашиот тим за наплата на долгови работи и на меѓународен план, пред се низ цела Европа, на вашиот мајчин јазик. Случаите за наплата на долгови во странство не се проблем за нас.

Во случај на банкрот, средствата на должникот обично се ставаат под управа на стечаен суд или надворешен администратор. Тој управува со побарувањата и се грижи за распределба на преостанатите средства. Ова осигурува дека не само доверителите кои се блиски со должникот ќе дојдат побрзо на ред, туку дека сите доверители ќе бидат третираани колку што е можно подеднакво.

Секоја држава има посебна постапка во која доверителот го регистрира своето побарување. Препорачуваме веднаш да го регистрирате побарувањето кај стечајната управа, за да во постапката се сметате како доверител и да не го намалите преостанатиот износ за трошоците на постапката.

Нашата цел е да ги поддржиме доверителите во извршувањето на нивните легитимни побарувања. Во случај на потешкотии кај должникот, на пример може да се склучат договори, како што се плаќања на рати, така што доверителот сè уште ќе ги добие своите пари. Во исто време, TIMOCOM во  онлајн пазарот на Smart Logistics системот на своите клиент им дава доверба дека ќе бидат спречени понатамошните долгови.

Ако корисникот не сака да плати без да даде причина, ова однесување е во спротивност со критериумите за квалитет на TIMOCOM. Затоа не е дозволено да останат во мрежата на проверени клиенти.
 

Меѓународна услуга за наплата на долгови

нагоре