За TIMOCOM
TIMOCOM обединува една заедничка визија за иднината на логистиката. Како FreightTech фирма веруваме во свет без логистички предизвици. Од таа причината за наша мисија си поставивме да ја направиме логистиката паметна, безбедена и едноставна. Оваа иднина ја нарекуваме: Augmented Logistics. Augmented Logistics е и нашето ветување. Бидејќи под ова ние подразбираме проширување, подобрување, зајакнување, нараснување и зголемување на логистиката. За нашите клиенти ова значи дека тие можат паметно, безбедно и едноставно да ги решаваат своите логистички предизвици со TIMOCOM.
Дигитални решенија кои недоставуваат, не ни се мотивација само денес, туку и беа основата за формирањето на компанијата. Во Април 1997 шпедитерот Јенс Тирман бил во потрага по европска платформа на берзи за транспортни налози. Но тоа што го наоѓал, не било соодветно на неговите потреби. Тaка дошол до заклучокот: Тоа сега ние самите ќе го направиме! Така беше основана TimoCom Soft- und Hardware GmbH, и после работното време или за викендите се започна со развојот на сопствената Берза на товари и товарен простор. Од храбра старт ап фирма денес е прерасната во една од најуспешните ИТ фирми од средна големина за европската транспортна и логистичка индустрија. Во 2018 TimoCom Soft- und Hardware GmbH беше преименувана во TIMOCOM GmbH.
Како подготвувач на патот и придружник за вмрежување на европската логистика, го нудиме првиот Smart Logistics систем, во кој секој ден се поставуваат и обработуваат до 1 милион меѓународни понуди на товари и товарен простор. Дел од системот е и нашата неутрална мрежа од над 50.000 проверени фирми. Неутралноста е важна предност, бидејќи трансакциите се склучуваат директно помеѓу договорните страни.
Врз онова на специјализирањето и интернационализацијата, во централата во Еркрат, во близина на Диселдорф, како и во претставништвата во Полска, Чешка и Унгарија денес работат повеќе од 500 вработени од 40 нации. Управувањето на фирмата, основачот Јенс Тирман го дели со неговиот син Тим Тирман. Така на врвот од управувањето на семејната фирма се поврзуваат долгогодишното искуство и новите перспективи. Заедно, можеме веќе успешно да се навратиме на најзначајните деловни настани.
TIMOCOM во бројки
40
националности (вработени)
189.000
камиони за следење (годишно)
50k +
интернационални клиенти
4
локации
25 +
години ИТ искуство
500+
вработени (вкупно)
TIMOCOM најзначајни деловни настани
Smart Logistics системот со ново лице
Воведување на целосно редизајнираната почетна страница на системот.
TIMOCOM го прави следниот чекор
Внатрешна преселба во Полска од Пила во Вроцлав со цел да се позиционира на оваа стратешки важна локација.
Augmented Logistics
TIMOCOM ја започнува иднината со нова визија и мисија.
Smart Logistics System
Најголемата транспортна платформа во Европа ќе биде првиот Smart Logistics систем за Европа.
Претставување на пазарот на TC Transport Order®
Транспортната платформа станува трансакциска платформа: Нашите клиенти ги побаруваат транспортни налози дигитално кај нивните деловни корисници и управуваат со нив директно во платформата.
Интегрираната функција за поставување и преземање на документи
Клиентите можат најчесто побаруваните Документи во профилот на фирмата да ги постават и преземат.
Старт на услужниот блог за новини и нови функции
На новиот блог за услуги, TIMOCOM Update Pool, едноставно и јасно се објаснети сите ажурирања, новите функции и основи во врска со платформата за транспорт.
Месинџер за TIMOCOM транспортната палтформа
Со чет кој се однесува на објавените понуди, вклучувајќи и функција за експортирање, може директно се да се разјасни. Тоа заштедува време и капацитети.
Мобилен пристап до транспортната платформа на TIMOCOM
Секаде пристап и од возачката кабина. Преку Апликацијата Транспортен Барометар сега се има пристап до комплетната платформа.
Функција за следење на возила TC eMap®
Сите актуелни телематски системи на еден преглед обезбедуваат поголема ефикасност и безбедност.
Воведување на берзата на складишта
Овде е можно складишни и логистички површини брзо да се пронајдат и понудат!
Географски одделени дата центри
И покрај просечната достапност на серверите од 99,91%, ние се одлучивме двојно да се осигураме.
Апликација Транспортен барометар
Бидејќи транспортниот барометар е неопходен за успешни ценовни преговарања, го направивме да биде достапен и онлајн.
Воведување на пазарот на TC eBid®
Ова проширување на транспортната платформа е специјализирано за долгорочни тендери.
Воведување на пазарот на TC Profile®
Да се види и да се биде виден - во Онлајн деловен именик зa Европа секогаш можете да најдете проверени контакти за нови деловни зделки.
Онлајн верзија на TC Truck&Cargo®
Конечно, нашите клиенти можат во реално време да ги вметнат своите понуди и да склучуваат зделки. Квантен скок за целокупната бранша.
Претставување на пазарот на TC eMap®
Перфектното проширување на платформата со Пресметка на трошоците и планирање на релации.
TIMOCOM CashCare
Сервис за наплата на долгови за минимизирање на ризикот добива официјално регулаторно одобрение.
Отварање на претставништва
Оваа година беа формирани преставништва во Полска, Чешка и Унгарија.
Воведување на пазарот на TC Truck&Cargo®
Берза на утовари и утоварен простор срцето на транспортната платформа TIMOCOM
TIMOCOM – Податоци и факти
Назив | Timocom GmbH |
Управители | Јенс Тирман, Тим Тирман |
Вработени | повеќе од 500 од повеќе од 40 земји |
Седиште | Timocom Platz 1, DE-40699 Erkrath |
локации | Полска, Чешка, Унгарија |