„Берзата на складишта на TIMOCOM беше вистинска среќа за нас“

Како шпедитерот од Баварија со само еден клик на глувчето пронајде ново складиште

„Повеќето луѓе кои не се од регионот и немаат никаква врска со индустријата, дури и не знаат дека имаме пристаниште“, вели Оливер Муринг, прокурист и транспортен менаџер во Gematrans од Нирнберг, вториот по големина град во Баварија. „Притоа, нашето пристаниште овде е практично центар за товарниот транспорт и логистика за цела јужна Германија. Значи, не можевме да го избереме подобро седиште. “ Седиштето на Gematrans е во индустриска зона на улицата Ротердамер Штрасе, и е шпедитерска компанија специјализирана за транспорт со Скандинавија, а почетоците се во 1984 година како складиште и национални транспорти во Германија.

Фокусот на Скандинавија дојде во 1999 година со сегашниот управен директор на Шпедицијата, Јохен Ралер, кој претходно работел на релации со Скандинавија и тоа го надградил во Gematrans. „Да, тогаш тоа и овде го придвижиме“, вели Реслер, Она што започна со три наши сопствени возила и шест подизведувачи во Скандинавија сега порасна на 30 наши сопствени и камиони на подизведувачите. „И во моментов имаме 25 вработени“, додаде Реслер.

Без складиште но не и безидејни

Откако постои Gematrans, шпедицијата имала можност да го користи складиштето на деловен партнер директно до седиштето. Сепак, поради структурни промени, таму веќе не било можно да се продолжи со работење. Потребно било брзо решение. „Бидејќи ние сме клиенти на ТИМОКОМ скоро 20 години, нашата прва мисла беше: Ајде да погледнеме таму. “На почетокот Меринг не очекувал да најде во Smart Logistics системот и берза на складишта. „Повеќе од случајно беше тоа што го откривме - и тоа беше вистинска добивка за нас“.

Како што се испоставило, Gematrans можела преку берзата на складишта на TIMOCOM да пронајде многу места за складирање околу Нирнберг. Понудите биле бројни, а барањата беа брзо поставени. Меринг: „Понудата на берзата е многу добро и јасно псотавена. Имаше многу понуди и различни начини за прецизирање на пребарувањето за да можеме да го најдеме она што ни требаше. “И тоа не беше случајно. Бидејќи можностите, на една берза на складишта да најдете соодветни даватели на услуги се поголеми, ако понудата е поголема и поразновидна. Берзата на складишта на TIMOCOM со голема разлика има најголем број и видови на складишни површини во Европа. Корисниците на системот автоматски имаат пристап до берзата на складишта и потенцијално до повеќе од 7.000 понудувачи на складишта од 44 европски земји.

Брза помош и покрај посебните барања

„Повратните информации исто така брзо дојдоа. Требаше да контактираме само со неколку компании. Го најдовме нашето ново складиште во рок од една седмица, и тоа, иако имавме посебни услови “, вели Меринг. Овие посебни барања на Gematrans не и беа олеснителни околности за пронаоѓање на ново складиште. Еден од нивните клиенти мора редовно да испраќа свои вработени во складиштето со цел од палетите да селектираат роба. Токму овој аспект претставувал проблем за повеќето прашани компании. Тие не сакале никаков надворешен персонал во нивните складишта. Но шпедицијата Maierl, новиот деловен партнер на Gematrans, немала проблеми со тоа. „Ако клиентот има посебен услов, ние секогаш гледаме прво дали тоа е можно и не откажуваме директно“, објаснува Марк-Оливер Мајерл, управен директор на шпедицијата. Кристијан Штар, прокурист во шпедицијата Maierl, додава: „Досега успеавме да ги исполниме повеќето од барањата на клиентите“. така и тоа на Gematrans. Соработката започна во текот на оваа година, но ќе се прошири и понатаму заради позитивното искуство. Отсега, шпедиција Gematrans целокупната своја складишна дејност ќе ја извршува во складишните површини на шпедицијата Maierl. „И да се надеваме и во следните 30 години“, се шегува Мехринг.

Повеќе за придобивките и функциите на една берза на складишта може да дознаете на нашиот Услужни известувања.

нагоре