Прашања и одговори за TIMOCOM Messenger
Прашања и одговори за TIMOCOM Messenger
-
1. Што е TIMOCOM Messenger и зошто да го користам?
TIMOCOM Messenger е комуникациски канал на TIMOCOM Road Freight Marketplace, кој е директно интегриран во транспортната берза. Овозможува брза, сигурна и ефикасна комуникација помеѓу понудувачите и потенцијалните изведувачи, директно во контекст на понудата. Со користење на TIMOCOM Messenger, можете да го намалите времето на чекање и во исто време да ја зголемите ефикасноста на вашите деловни процеси.
-
2. Зошто комуникацијата преку TIMOCOM Messenger е побезбедна од комуникацијата преку е-пошта?
TIMOCOM Messenger ги заштитува сите пораки и податоци според стандардите на дигиталниот пазар TIMOCOM, со што се промовира доверливост и безбедност. Преку интеграцијата во дигиталниот пазар, имате контрола врз тоа кој може да пристапи до комуникацијата и можете да бидете сигурни дека вашето лице за контакт има регистрирана сметка на TIMOCOM.
Дополнително, користењето на TIMOCOM Messenger не само што нуди зголемена безбедност, туку и дава на вашата комуникација исто ниво на посветеност како и е-поштата, помагајћи ви да изградите професионални односи без напор. -
3. Како може налогодавачите да го користат TIMOCOM Messenger?
TIMOCOM Messenger е стандардно поставен како претпочитан комуникациски канал кога се нудат товари и товарен простор. Освен ако не ја деактивирате оваа поставка, само TIMOCOM Messenger ће се прикажува како писмена опција за комуникација на оние што бараат понуди. Ова значи дека не мора да внимавате на другите канали за комуникација и дека можете целосно да се фокусирате на вашата работа.

-
4. Како можат налогоземачите да го користат TIMOCOM Messenger?
Креаторите на понудите го одредуваат претпочитаниот канал за комуникација кога поднесувате понуда. Потоа ће го видите изборот во горниот десен агол на опциите за контакт за соодветната понуда. Ако таму се прикаже говорен меур, создавачот на понудата сака да биде контактиран преку TIMOCOM Messenger. Како налогоземач, имате можност да започнете разговор. За да го направите ова, кликнете на претходно споменатата икона „Барање преку разговор“ во говорниот меур во понудата со товари или товарен простор. Се отвора преклоп за разговор на дното на екранот.

-
5. Што можам да направам за да не пропуштам некоја порака?
Во рамките на TIMOCOM Road Freight Marketplace, копчето за разговор трепка веднаш што имате нова непрочитана порака во вашето сандаче. Идните ажурирања ће воведат и опција за известувања по е-пошта за дополнително да ја зголемат видливоста и транспарентноста во врска со новите дојдовни пораки.

Во тековната верзија на TIMOCOM Messenger, можете да се информирате за нови пораки преку известувања од прелистувачот (звук и скокачки прозорец), дури и ако моментално работите во други картички на прелистувачот. За ова мора да биде активирана соодветната функција во вашиот прелистувач.
Како да овозможите известување за прелистувачот?
- Опција 1: Веће се согласиле со известувања од прелистувачот во минатото.
Во овој случај не се потребни дополнителни поставки и веће треба да добивате известувања на овој начин.
- Опција 2: Во минатото ги одбивте известувањата од прелистувачот.
Треба да ги прилагодите вашите поставки. Еве како да го направите тоа за најчестите прелистувачи:
За Chrome:
1. Отворете го дигиталниот пазар на TIMOCOM
2. Кликнете на иконата „Поставки“ во лентата за адреси
3. Одете во „Поставки за веб-страница“.
4. Под „Известувања“, изберете „Дозволи“.
За Edge:
1. Отворете го дигиталниот пазар TIMOCOM
2. Кликнете на иконата за заклучување во лентата за адреси.
3. Одете во „Поставки за веб-страница“.
4. Под „Известувања“, изберете „Дозволи“.
- Опција 3: Во минатото не сте донеле одлука во врска со известувањата на прелистувачот.
Ако се уште не сте ги прифатиле или одбиле известувањата на прелистувачот во TIMOCOM Marketplace, соодветниот дијалог ће се прикаже на неколку места во TIMOCOM Messenger. Едноставно треба да го потврдите дијалогот и отсега ће бидете информирани преку известување од прелистувачот.
-
6. Може ли да продолжам да разговарам или да пристапам до разговори од избришаните понуди?
Ако понудите се избришат, на пример затоа што се веће доделени, се уште можете да пишувате пораки во разговорот, бидејћи често се појавуваат прашања или потреба од информации по транспортниот налог. Сите разговори се чуваат најмалку 12 месеци за да можете подоцна да пристапите до сите релевантни информации и документи.
-
7. Дали користењето на TIMOCOM Messenger е бесплатно?
Да, користењето на месинџерот поврзан со понудата е бесплатно за сите корисници на TIMOCOM.
-
8. Кои функции ги нуди TIMOCOM Messenger?
TIMOCOM Messenger моментално ги нуди следните функции:
- Брз пристап до контакт информации: Во полето за разговорот, можете да го видите името на компанијата, името на потенцијалниот деловниот партнер и сликата на профилот. Исто така, ће ви бидат прикажани можните јазици кои вашиот соговорник ги зборува или ги разбира. Ако кликнете на името на компанијата, ће се отвори профилот на компанијата и ће имате можност да добиете целосна слика за компанијата со која комуницирате.

- Јасно доделување на понуди со товари или товарен простор: Под информациите за контакт, ће најдете врска што ја опишува соодветната понуда со товарни или товарен простор врз основа на односот помеѓу почетната точка и дестинацијата. Со кликнување на релацијата се отвора соодветната понуда, под услов дека е се уште достапна на дигиталниот пазар и да не е избришана. Ова е особено корисно ако истовремено барате други понуди со товари или товарен простор и сакате брзо да ги прегледате сите релевантни информации.

- Размена на пораки преку полето за разговор: Во разговорот можете да стапите во контакт со лицето за контакт во врска со понудата. За да го направите ова, едноставно напишете порака во даденото поле за текст и потврдете го внесот со Enter или со кликнување на Испрати. Сите пораки се прикажуваат хронолошки во полето за разговор.

- Преводи по потреба: Бидејћи потенцијално можете да комуницирате со било кој корисник на дигиталниот пазар, можно е да примате пораки на јазик што не го разбирате. Во овој случај, имате можност да ги преведете пораките. Потоа ће ја видите и оригиналната порака и преведената содржина. За да го направите ова, кликнете на трите точки до пораката и изберете „Преведи“. Целниот јазик на преводот зависи од јазикот на системот дефиниран на дигиталниот пазар на TIMOCOM.
- Експортирање на разговор: Имате опција да ја експортирате историјата на разговорот во секое време. Ова ви дава дополнителен пристап до вашите разговори надвор од дигиталниот пазар на TIMOCOM и дополнително независно архивирање. Ова може да биде особено корисно за решавање на конфликти кога има несогласувања во транспортниот процес. За да го направите ова, кликнете на трите точки во горниот десен агол. Потоа ће имате опција да го преземмете разговорот. Во зависност од големината, преземањето може да започне со мало доцненување. Разговорот се зачува како .html датотека. Систо така, можете да го зачувате разговорот и како .pdf датотека со десен клик → Сочувај датотека.
- Функција за известување: Ще бидете известени за нови пораки директно на Road Freight Marketplace преку трепење на копчето за разговор.

- Push известување: Во тековната верзија на TIMOCOM Messenger, можете да бидете информирани за нови пораки преку известувања од прелистувачот (звук и скокачки прозорец), дури и ако моментално работите во други картички на прелистувачот.
- Размена на документи (постави и преземи): Со кликнување на заокруженото + имате можност да испратите релевантни документи до вашиот потенцијален деловен партнер. Се што треба да направите е да ги изберете и поставите документите. Може да се споделат само документи до 5 MB и во следниве формати: .pdf, .xlsx, .xdoc, .img, .png, .webp

- Преглед на пораките: Прегледајте ги сите ваши разговори на едно место. Во долниот лев агол, веднаш до навигацијата на страницата, имате можност да прикажете преглед на сите ваши разговори. Се што треба да направите е да кликнете на белиот круг со синиот говорен меур. Приказот што се отвора ги содржи сите разговори, вклучувајћи ги релевантните информации за да можат јасно да се препознаат. Покрај информациите што ги имате во разговорот, овде можете да ја видите и последната испратена порака. Пораките се подредени по актуелност. Поради тоа, најновата порака секогаш ће се прикажува како прва порака.

- Пребарување на разговори: Можете да пребарувате разговори во прегледот на пораките. Се што треба да направите е да ги внесете саканите податоци во полето за пребарување над разговорите. Можете да ги пребарувате следниве информации:
– кратенка на земјата на местото на товарење
– кратенка на земјата на местото на истовар
– место на товарење
– место на истовар
Прикажани се најактуелните 30 поими.
- Индикација за куцање: Можете да видите дали вашиот соговорник во моментов пишува порака.

- Ознака за прочитано: Ще добиете информација дека вашата порака е доставена, како и информација дека вашиот соговорник (сеуа) не ја прочитал пораката.
– Доставено: сина точка
– Прочитано: слика на профил
- Емотикони: Користете емотикони за да ги направите вашите пораки повеће лични. Се што треба да направите е да кликнете на смајлито во полето за пораки од десна страна.

- Затвори го разговорот: Кога разговорот е отворен, имате можност да го затворите разговорот во горниот десен агол. Разговорот, а со тоа и целата комуникација, ће бидат затворени, така што мора прво повторно да го отворите разговорот за да можете да комуницирате.
Но, тоа е само почеток; Континуирано работиме на дополнителни функции.
- Брз пристап до контакт информации: Во полето за разговорот, можете да го видите името на компанијата, името на потенцијалниот деловниот партнер и сликата на профилот. Исто така, ће ви бидат прикажани можните јазици кои вашиот соговорник ги зборува или ги разбира. Ако кликнете на името на компанијата, ће се отвори профилот на компанијата и ће имате можност да добиете целосна слика за компанијата со која комуницирате.
-
9. Кои дополнителни функции ће бидат интегрирани наскоро?
Во наредните месеци планираме постепно да го додадеме следното:
- Известувања по е-пошта: Ще бидете известени преку е-пошта ако пропуштите порака за разговор за да се поттикнат брзи одговори.
- Функција за бришење: Избришете ги непотребните разговори за подобар преглед.
Сепак, ова е само мал преглед и редовно ће ве информираме за нашите следни развојни чекори.
-
10. Дали TIMOCOM Messenger е достапен и на мобилни уреди?
Да, TIMOCOM Messenger е целосно интегриран во мобилната верзија на Road Freight Marketplace, така што можете да го користите на кој било уред.

-
11. Како можам да пријавам несоодветни пораки?
Доколку добивате несоодветни пораки, секако можете да ги пријавите кај нас. За да го направите ова, кликнете на трите точки до пораката и изберете ги опцијата „Пријави“. Содржината потоа автоматски се пренесува до TIMOCOM и се проверува. Во оправдани случаи, го задржуваме правото привремено или трајно да ги блокираме корисниците од TIMOCOM Messenger и да ја избришеме пораката.
-
12. Како можам да дадам повратни информации за TIMOCOM Messenger?
Вашиот одговор ни е многу важен! Ве молиме слободно користете го нашиот прашалник за повратни информации. Се радуваме вашите предлози за да ни помогнете да го подобриме Messenger и подобре да го приспособиме на вашите потреби.
Тука можете да видите чекор-по-чекор упатство за TIMOCOM Messenger:

-
13. Што можам да направам ако Messenger не функционира?
Ако Messenger општо не функционира, треба да ги прегледате вашите IT-насоки. За да можете да го користите Messenger, мора да го додадете доменот getstream.io и соодветните поддомени на дозволената листа:
- stream-io-api.com
- stream-io.net
Доколку станува збор за привремен проблем и Messenger ви се прикажува со црвена боја, ве молиме освежете ја страницата.
Ако проблемот продолжи, ве молиме обратете се до нашиот кориснички сервис.
-
14. Дали сопственикот на компанијата има пристап до кореспонденцијата на своите вработени на Messenger на TIMOCOM?
Не, кореспонденцијата преку Messenger е наменета исклучиво за соодветните корисници – сопственикот на компанијата нема пристап до неа.
Тука можете да видите чекор-по-чекор упатство за TIMOCOM Messenger:
Ви е потребна помош или имате прашања? Нашата поддршка радо ће ви помогне.