Karzol Trans

Karzol-Trans е основана во 1997 а раководството има повеќе од 20 години искуство во делот на меѓународен и национален транспорт. Сопственици се приватни домашни лица. Друштвото располага со една локација во Монор, каде се наоѓа база за поправка на волуменски возила, која служи за поправка на ПМВ и на комерцијални возила, вклучувајќи и постројка за перење на возила и работилница за поправка на каросерии. Понатаму, на локацијата се наоѓа и бензинска пумпа АС24. Главната дејност е меѓународен транспорт со фокус на прехранбени производи и длабоко смрзнати производи и се има специјализирано во делот на високо квалифицирани шпедиции и на транспорт на чувствителни технички артикли. Нивната задача е првенстевно превози кон западна и јужна Европа, но преземаат и превози во сите земји од Европската Унија.

Во нашиот текст разговаравме со Золтан Јос, јр. еден од сопствениците на Karzol-Trans.

TIMOCOM: Дали може да ни раскажете за некој случај при што еден деловен проблем бил успешно решен со помош на TIMOCOM Inkasso International?

Золтан Јос, јр.: Еден наш деловен партнер не сакаше да си ја плати обврската со изговор дека не сме ги предале палетите за размена по извршениот транспорт. Нашиот колега, кој е задолжен за превози не успеа да дојде до договор и покрај долгата писмена преписка. Според договорт, немавме обврска да размениме палети. По посредувањето на TIMOCOM тие беа подготвени да го платат целиот износ за транспортот.

TIMOCOM: Како Ви се допаѓа нашата услуга? Какво мислење имате за нашата услуга?

Золтан Јос, јр.: За нашата фирма има посебено лице за контакт. Ни помага при следењето на старите предмети и извршувањето на новите налози. Имаме одлична соработка. Нашите дописи се обработуваат во рок од 1-2 дена. Кај особено тешки случаи за наплата добиваме и предлози како ваквите поединечни случаи можат да бидат решени колку што е можно побрзо.

TIMOCOM: Дали би го препорачале TIMOCOM Inkasso International и на други фирми?

Золтан Јос, јр.: Да, бидејќи со тоа заштедуваме на дополнителна работа и правни процедури. Нашите побарувања кои се постари од 30 дена спектакуларно се намалија.

Нашите услуги за наплата на побарувања нависитна се исплаќаат!

Лоши плаќачи се извор на опасност за сите фирми. При евентуални проблеми со неморални плаќачи, во акција стапуваат адвокатот на TIMOCOM Александар Оебел и неговиот тим. Тие им стојат на располагање на клиентите на TIMOCOM за вонсудска наплата на отворените побарувања. Минатата година побарувањата беа наплатени во 89% од случаевите.

Нашиот оддел за наплата на побарувањата има уште еден посебен ефект: се обидуваме проблематичните фирми да ги исплашиме да не го користат нашиот софтвер, така што многу црни овци немаат храброст да се јават кај нас.

Побарајте ја и Вие нашата услуга за наплата на долгови! Наплаќаме 20,00 Евра трошоци за обработка, а наградата за успех ја наплаќаме исклучиво при успешна наплата, и тоа е согласно со важечките германски закони.

нагоре