Smart Logistics System 13.02.2024
4

Дигитално управување со транспортни налози: Заштедува време и обезбедува квалитет

Вака апликацијата Транспортни налози ја поедноставува работата на BLM Trucking.

Вака апликацијата Транспортни налози ја поедноставува работата на BLM Trucking.

„Јас сум природно мрзелив и се обидувам да си олеснам сè што е можно повеќе. Како резултат на тоа, работам многу ефикасно“, вели за себе извршниот директор на BLM Trucking, Јан Бокоч. Дека тој всушност зборува за висока ефикасност, а не за мрзеливост, сведочи и успешната компанија што ја основал и која ја води веќе 16 години.

За BLM Trucking s.r.o.

BLM Trucking од Чешката Република е основана во јули 2005 година како транспортна компанија за клиенти во Данска. Во 2010 година започна да соработува исклучиво со меѓународно активната данска компанија CONTINO TRANSPORT A/S. Денес, BLM Trucking вработува 60 луѓе и поседува 44 влекачи со приколки со церади. Компанијата не е специјализирана за некоја специфична стока. Камионите се на пат низ цела Западна Европа, но најмногу во Германија и Данска.

Почетоци на соработката со TIMOCOM

„Ние работевме како исклучително транспортна компанија долги години. Сепак, благодарение на TIMOCOM, од 2018 година ние возиме и за чешките клиенти и оптимално ги искористуваме нашите сопствени возила. Денес, турите за слободната трговија сочинуваат 10% од нашиот обрт. За целосно искористување на нашите камиони, ние, како и нашата матична компанија CONTINO TRANSPORT, го користиме дигиталниот пазар TIMOCOM“, резимира Јан Бокоч.

Транспортни процеси – доделување и прифаќање на транспортни налози

„Додека возевме само за CONTINO TRANSPORT, не требаше да издаваме никакви налози. Го имавме нашиот внатрешен комуникациски систем, наплатата беше лесна и успеавме со споделени табели во Excel. Кога почнавме да бараме самостојно товари за нашите камиони, го добив првиот налог од германски клиент преку мрежата на TIMOCOM“, се сеќава Бокоч. „Беше брзо, практично и лесно. Разбрав дека не ни треба ниту друг скап систем за доделување на налози. Нашата сметководствена програма не понуди соодветен формат за внесување на потребните информации за транспортни налози“.

Лесно поставување налози во апликацијата Транспортни налози

„Секогаш прво креирам понуда за транспорт, а потоа и транспортниот налог. Се што треба да направите е да го внесете корисничкиот ID и ќе бидат вметнати сите потребни податоци. Благодарение на тесната интеграција на сите апликации, заштедувам многу време и не морам да ги внесувам истите податоци неколку пати. Со можностите за копирање, создавање шаблони и паметно пополнување, можам веднаш да ги внесам сите информации за налогот. Налозите не се губат во масата на други е-пошта и не можат да завршат во спам папката. Можам воапликацијата Транспорни налозицентрално и на едно место да управувам со нив.“

„Исто така, следново го сметам многу корисно: Ако сакам да контактирам со клиент со кој работев пред шест месеци и ќе откријам дека повеќе не се во мрежата на TIMOCOM, често дознавам дека имале лоши практики за плаќање и биле исклучени. Информациите за банкротирани, особено странски компании, не ми се гарантирани во мојот внатрешен систем. „На овој начин, TIMOCOM ми заштедува од непотребни грижи и финансиски загуби“, нагласува Бокоч.

Апликацијата Транспорни налози овозможува уште понатамошно зголемување на ефикасноста: „Без потврда дека налогот е прифатен, не сакам да го понудам на кој било друг добавувач. Навременото извршување на мналогот е од суштинско значење за задоволството на клиентите. Затоа, прашувањето за статусот на налогот е голема пдобивка за мене“.

Јазичните бариери се елиминирани

Дигиталниот пазар ги прикажува налозите на јазикот што корисникот го зачувал во неговите поставки. Јан Бокоч исто така го цени и тоа: „Автоматското испраќање на налогот на јазикот на деловниот партнер ги елиминира сите јазични бариери. Немам никаква дилема за испраќање налог до бугарски превозник. Знам дека ќе го добие на кирилица без да се грижам дали ќе треба да го преведам и ќе направам дополнителни трошоци. Ова многу ги олеснува работите“.

Затоа изборот падна на дигиталниот пазар на TIMOCOM

На европскиот пазар постојат различни транспортни берзи кои постепено се развиваат во сложени системи за обработка на различни логистички процеси. Ние во BLM Trucking се потпираме на мрежата на TIMOCOM. „Во текот на моите 30 години во транспортниот сектор, доживеав многу и навистина можам да кажам дека го знам мојот пат. Дигиталниот пазар е одлична алатка која одговара на потребите на нашето модерно време, а TIMOCOM е солиден партнер за нас. 

Строгиот систем за прифаќање нови корисници не смирува дека нашиот бизнис е безбеден. Обезбедувањето на квалитетот на податоците ги исполнува нашите сопствени безбедносни стандарди. Силно можам да ја препорачам апликацијата Транспортни налози Тоа е одлична алтернатива за сите клиенти, производствени компании и превозници кои немаат сопствен логистички систем“, заклучува Јан Бокоч.

Закажете уште денес состанок со нашите експерти и запознајте се со бројните можности на дигиталниот пазар на TIMOCOM!

Ова исто така може да ве интересира:

нагоре