20.11.2018

Доделување на налози: Системски турбо благодарение на интелигентен интерфејс

Италија: Групата Codognotto го поврзува со TimoCom својот систем за управување со транспорт

(1)

Групата Codognotto го користи првиот Smart Logistics System за Европа на TIMOCOM директно преку својот систем за транспортен менаџмент (TMS) SGA. Преку интерфејсот развиен од страна на софтверската куќа SIMA и TIMOCOM,  понудите на утовари на една од најголемите италијански логистички групи сега може автоматски да се објавуваат во TIMOCOM  системот. Ова решение е турбо ефект за сопствениот TMS SGA при доделување  на транспортни налози.

"See you in the future" значи трасирање на патот и секогаш на клиентите да им се понуди најдобро решение на пазарот - тоа е она што Групата Codognotto го тврди за себе. "Ние сакаме да им обезбедиме на нашите клиенти постојана конкурентна предност со тоа што е можно побргу ќе им ги обезбедиме најновите технологии за да го оптимизираат нивниот синџир на набавки", објаснува Андреа Кондота, менаџер за маркетинг и иновација на групата.

Веќе неколку години, италијанската групација, една од водечките европски компании во транспортниот и логистичкиот сектор, се потпира на Smart Logistics System на германската ИТ компанија TIMOCOM. На пример, Codognotto ги користи сите опции за дигитализација за да ги "рационализира" оперативните задачи со помош на системот на TIMOCOM - од логистичката мрежа со повеќе од 40.000 сертифицирани компании ширум Европа до решенија за транспортни тендери. "Дигитализацијата претставува можност за нас да управуваме со сé поголемата комплексност во нашиот сектор и секогаш да ги обезбедиме нашите клиенти со најбрзи и најефикасни решенија", продолжи Андреа Кондота.

Со поврзувањето на нивните системи, TIMOCOM и италијанската софтверска куќа SIMA овозможија групата Codognotto да ја зголеми ефикасноста на сопствените логистички и транспортни процеси. Со сопствениот TMS SGA, сите транспорти сега можат да се синхронизираат преку еден интерфејс, така што тие автоматски се нудат на дигиталниот европски логистички пазар.

Предизвикот:  Со зголемување на товарниот сообраќај, се зголемува административното оптоварување


 Поради постојаното и прогресивно зголемување на обемот на транспортот, Групацијата Codognotto мораше да го прошири управувањето со возниот парк со трнспортери од доверба како свои партнери. Сопствената флота се состои од 600 влекачи и 1.500 полуприколки со различни надградби. Претходно, транспортите кои не можеа автоматски да се доделат преку TMS SGA мораше рачно да ги внесуваат вработените на Codognotto во TIMOCOM Smart Logistics System. Ова трошеше драгоцено време и го вклучуваше ризикот од пренос на грешки.


 

Решението:  Интеграција на TIMOCOM Smart Logistics System во TMS SGA на софтверската куќа SIMA


 Благодарение на соработката помеѓу софтверската куќа SIMA и TIMOCOM, развиен е интерфејс преку кој Codognotto сега може да ги користи најважните функции на системот на TIMOCOM директно од сопствената TMS SGA. Ова значи дека транспортните налози внесени во TMS SGA автоматски се пренесуваат до системот на TIMOCOM преку овој интерфејс - се разбира, останува обезбедена заштитата на податоците на клиентите.

Предноста:


 Најголема можна ефикасност во реално време


 Со интеграцијата веќе спроведена во 16 европски локации на групата, Codognotto има фундаментална предност во ефикасноста во доделувањето на договорот. Целта на Codognotto е да им овозможи на сите 30 европски филијали кои моментално се поврзани со TIMOCOM да ги синхронизираат понудите на утовари исклучиво преку интерфејс со TMS SGA. Преку овој интерфејс, понудите на утовари автоматски се синхронизираат помеѓу двата система. На овој начин, Codognotto може да ги користи неограничено и во реално време сите интелигентни апликации на системот на  TIMOCOM во сопствената TMS SGA.

Резултат: Заштеда на време и трошоци благодарејќи на синхронизацијата


 За да осигура дека налозите за транспорт одат само на најдобрите партнери на пазарот, Codognotto целосно го интегрира системот на TIMOCOM во својата TMS SGA. Со синхронизација во реално време,  може да се избегне двојното и рачното управување со работните места на двата система. Ова решение претставува вистински турбо-ефект за италијанската логистичка и транспортна компанија, бидејќи "откако беше воведен интерфејсот со софтверската куќа SGA, ние значително заштедуваме на време и трошоци и барем двојно го зголемивме бројот на транспортни налози внесени на некои локации", објаснува Андреа Кондота.

Преземете го соопштението за печат
нагоре