14.09.2018

Европски избор на кадри од областа на логистиката кај TimoCom

Практикантка од универзитет од Литванија го поддржува претставништвото на TimoCom во Полска

(2)

Еркрат, 14.09.2018 – Да се инспирираат студентите и практиканите во нивното развивање и правилно да се насочи нивното практично познавање од областа – уште од самиот почеток, тоа е една од целите на TimoCom. Овој пат IT-компанијата прави уште еден чекор напред во логистичката дејност и за првпат овозможува тримесечна летна пракса во претставништвото во Полска. Со овој придонес кон развивање на младите кадри, TimoCom сака да ги инспирира и другите претпријатија.

Како најголема транспортна платформа во Европа, за TimoCom е суштински важно да ги задоволи потребите на поединечните пазари и клиенти. За да се поттикне размената со идните учесници во дејноста, Country Manager-ите стапуваат во контакт со универзитетите, на коишто се предава менаџмент за логистика и транспорт. Досега фокусот, пред сè, лежеше на предавања и работилници, коишто се завршуваа со посакуваните сертификати од TimoCom.

Еден чекор понатаму: Развивање на младите кадри на самото работно место

Моментален пилот-проект со еден универзитет од Литванија докажува, дека постои уште поголем потенцијал во соработката помеѓу бизнисот и науката: „Идејата за пракса ја имав веќе подолго време. Таа се оствари по работилницата на техничкиот универзитет Гедиминас во Вилниус. Една студентка се истакна со нејзиното активно учество и со многуте прашања што ги постави подоцна. Тоа претставување иницијатор за имплементацијата“, изјави Денис Пасала, Country Manager за балтичките држави и CIS во TimoCom.


За Марија Колосова ова беше прв контакт со една транспортна платформа. Нејзините интереси за функционирање и можностите за примена ја надминуваа самата содржина на програмата на работилницата. Сето ова не се заврши само со обичен сертификат за обука, туку и со необична понуда: „После работилницата дознав за можноста да завршам подетална пракса во TimoCom. Една многу интересна и уникатна можност за мене“, изјави студентката. По позитивниот фидбек, Пасала заедно со редовниот професор доц. д-р. Нијоле Батарлиене и со менаџментот за продажба на претставништвото на TimoCom одработи тримесечна практична програма. „Половина година подоцна веќе бев качена на летот кон Пила и од 24 јуни во следните три месеци сум дел од тимот. Сега веќе добив огромно практично знаење и искуство. На крајот од мојата пракса ќе го посетам и седиштето на TimoCom во Германија и едвај чекам на тоа“, продолжи Колосова.

Соработката со техничкиот универзитет Гедиминас и со редовниот професор доц. д-р. Нијоле Батарлиене, според Денис Пасала е едно важно надополнување на други мерки за развивање на младите кадри. „Не само предавањата и семинарите, туку и конкретното поставување на праксата во претпријатието овозможува да се стекнат работниците со знаење „на самото работно место.“


Со пилот-проектот TimoCom уште повеќе сака да го зајакне образувањето висококвалификувани работници, а со тоа и да им даде важен импулс и на другите институции, за да се грижат уште попроактивно за своите млади кадри.

Преземете го соопштението за печат
нагоре