ИАА Комерцијални возила 2018 TIMOCOM со новиот бренд настап станува пионер за Smart Logistics System
Augmented Logistics за европската логистика
Еркрат/Хановер, 19.09.2018 – Веќе по 8. пат по ред TIMOCOM како водечка европска ИТ компанија за логистика се преставува на IAA 2018 комерцијални возила во Хановер. Оваа година TIMOCOM ја користи оваа можност за специјален хајлајт.
Компанијата, на водечкиот саем за мобилност, транспорт и логистика го претставува своето ново флексибилно лого како прв Smart Logistics System и отсега се залага за Augmented Logistics.
Повеќе од дваесет години, TIMOCOM заедно со своите клиенти оддржливо ја трансформира и дигитализира логистичката индустрија. Сега компанијата го оди со нив следниот развоен чекор и се трансформира. Основа за ова е новата корпоративна визија и мисија. TIMOCOM верува во свет без логистички предизвици и за мисија си постави да ја направи логистиката паметна, безбедна и едноставна. Се разбира, оваа стратешка ориентација се рефлектира и во новиот имиџ на брендот.
Но, што точно се релевантни фактори на оваа трансформација?
Das Smart Logistics System
Ansgar Max, Direktor IT, ја објаснува промената од транспортна берза кон пионерскиот систем за иднината на логистиката: "TIMOCOM одамна не е повеќе само транспортна берза или платформа која се фокусира исклучиво на транспортот. Smart Logistics System е сублимат на многу различни апликации, услуги и интерфејси.
Технички, зборуваме за микро или РЕСТ- услуги, докерски контејнери и алатки за оркестрација како Кубернетис.
Во комбинација со континуирана интеграција и континуирана испорака, како и нашите агилни развојни процеси, ние можеме да одговориме многу ефикасно на барањата на пазарот. "За TIMOCOM, Smart Logistics System е следниот логичен чекор во овозможувањето на своите клиенти да имаат корист од интелигентна услуга.
Augmented Logistics на иднината
Веќе повеќе години, TIMOCOM е познат дека спојува "утовари и утоварен простор". Клиентите и понатаму ќе имаат корист од додадената вредност и придобивките од најголемата европска транспортна берза. "Augmented Logistics" на повеќе од 127.000 кориснициим ветува дополнителна флексибилност и ефикасност во поддршката на нивните логистички процеси. Портпаролот на компанијата Гунар Гбурек го објаснува избраниот термин од ТИМОКОМ за стратешка преориентација: "Ние постојано се концентрираме на автоматизација на логистичките процеси и едноставно поврзување на нашите клиенти со нашиот систем. „Augmented“ значи "продолжен", "подобрен", "зголемен". Бидејќи секој понатамошен дигитален развој на нашиот систем ги прави процесите на нашите клиенти попаметни и на тој начин тие дополнително можат да ја прошират својата конкурентска предност. За TIMOCOM, ова значи во иднина да се фокусираме повеќе на проширување на Smart Logistics Systems и вмрежување со потрошувачите. "
Флексибилно лого и нов маркетинки настап Pélagie Mepin, Direktor Marketing, го објаснува новиот иновативен заштитен знак: "Нашето ново лого е израз на нашата лична слика како водечка и, пред сè, ИТ-компанија ориентирана кон иднината во логистиката. Протоа, ние намерно се одлучивме за модерен, флексибилен дизајн. Со тоа сакаме за да ја прикажеме флексибилноста и динамичноста на TIMOCOM, логистичката индустрија и особено нашите преку 40.000 клиенти. "Флексибилното лого овозможува TIMOCOM да имплементира уште понасочена и специфична комуникација со клиентите.
Официјално новиот маркетиншки настап на TIMOCOM беше прикажан за првпат на IAA корисни возила 2018 во хала 13 штанд C29. Овде, посетителите на водечкиот саем во Германија можат да ги најдат сите детали за новата стратешка насока на TIMOCOM и да дознаат повеќе за многуте опции понудени од Smart Logistics System.