27.10.2017

Иднината му припаѓа на автономното спроведување на транспорти

Гунар Гбурек од TimoCom објаснува какво влијание автономното управување ќе има врз спроведувањето на транспортите во иднината.

(1)

Камиони кои самите се управуваат, е само почетокот. Иднината му припаѓа на автономното спроведување на транспорти, вели Гунар Гбурек. Портпаролот на најголемата транспортна платформа во Европа дава мал опис на дигиталната иднина на логистиката.

Иновативните технологии не успеваат поради аналогната администрација

Колони со конвои влегуваат во тест фаза. Platooning се нарекува транспортниот синџир кој ја поврзува невидливата лента. Со тоа патот на стоката треба да биде поефикасен. И поеколошки. Но што може да донесе оваа маркетинг акција на камионско поврзување, ако  утоварната површина зјае празна. Што кога пропратната транспортна документација уште се испраќа по факс? А мануелното спроедување на налози?

За Гунар Гбурек, портпарол на TimoCom камионите-роботи се само еден дел од еден транспортен синџир, кој може да биде закочен не на патиштата туку во канцеларии. „Кој сака да се оствари процесот на автономните камиони, мора да се погрижи и административните процеси кои се однесуваат на транспортните налози, да се спроведуваат автономно“, вели Гбурек. „Во спротивно, иновативните технологии ке останат заглавени во каменото доба“.

 

Од приемот на налози до изработувањето на фактурите: Процеси, кои целосно самостојно се управуваат, го носат камионот на лентата за престигнување, убеден е Гбурек. Истовремено работата на диспонентите и на работниците во управата ќе добие на важност. „ИТ помага да се намали работата кај обврски кои постојано се повторуваат и при тоа се поддржуваат вработените да го извлечат најдоброто од својата работа.“

 

Трошоците за управувањето со налозите се намалуваат за една третина

Еден понатамошен, важен чекор во автономниот транспортен свет TimoCom направи во изминатите неколку месеци. Така, тука од пред неколку месеци корисниците можат со новата апликација TC Transport Order  целосно дигитално да ги спроведуваат своите деловни зделки. Кој дозволува системот да работи за него, може најмалку за една третина да ги намали трошоците за администрација, според Гбурек.

А како изгледа иднината? Автономното утравување, следното ниво, според визијата на потрпаролот на компанијата е интегрирана услуга во интернетот на предмети (IoT). Во тој свет, машините ќе препознаат според кои производни количини треба да се активира одреден транспортен налог. Палетите ќе бидат интелигентни носители кои сами ќе ја јавуваат вкупната тежина до транспортната палтформа. Возилатаавтоматски ќе се приклучуваат на утоварните капии ќаде што има слободен простор за претовар.

Многу технолошки иновации, кои ќе произлезат од дигитализацијата, веќе денес се реалност или се во фаза на тестирање. За одржливо да се оптимизираат логистиката и патниот товарен сообраќај, мора во многу фирми да се изврши промена во размислувањето: „Вмрежувањето живее од  делењето податоци. Но, тоа е тешко и за фирмите, кои несомнено ги имаат прифатено предностите на дигитализацијата“, вели Гбурек.

 

„Утоварен простор и понатаму ќе остане утоварен простор“
 Како независна, неутрална транспортна платформа TimoCom сака на своите корисници - а тука сè повеќе припаѓаат и фирмите од индустријата и трговијата / да им го трасира патот до дигиталната транспортна ера. Веќе денес регистрираните корисници се движат автономно - без разлика на различните системи, благодарение на апликации, податоците и информациите можат да се разменуваат преку платформата. Дури се можни и четови во врска со конкретни понуди. И големината на фирмата нема значење за да се има можност да се учествува на транспортниот пазар.

Кон што се развива транспортната бранша? Една цел на автономното спроведување на транспорти е да се намали бројот на празни километри. И при тоа нема се целосно да се смени, уверува Гбурек: „Утоварен простор ќе остане утоварен простор“. И возач на камион ќе постои, уверен е портпаролот на компанијата и дава споредба со карго превозот: „Голем дел од задачите, кои пилотот морал да ги исполни пред 50 години, сега се одвиваат целосно автоматски. А сепак никогаш нема да биде целосно заменет.“

Преземете го соопштението за печат
нагоре