Новогодишните резолуции треба да се исполнат
Клиентите на TimoCom за нивното искуство со функцијата за поставување и преземање документи
Erkrath, 09.01.2017 - Минатата година, TimoCom, најголемата транспортна платформа во Европа, си постави особено важна новогодишна резолуција: и понатаму да ја надоградува платформата со дигитални додадени вредности. Речено-сторено. Од минатиот септември над 36.000 клиенти можат да ја користат функцијата за поставување и преземање на документи.
Планот на ИТ фирмата е со новата функција да им го отвори патот на своите корисници кон дигиталното работење, како и да ги поддржи при оптимизирањето на процесите. Со функцијата за поставување и преземање на документи, корисниците можат еднократно да ги постават документите кои се најчесто користени при доделувањето на транспортни налози, и со тоа да бидат достапни за преземање за другите корисници на платформата. На транспротната платформа од самиот почетокот до сега се поставени повеќе илјадници документи. Една фирма, која меѓу првите ја препозна предноста е шпедицијата Келерсхон од Линдлар. Тие се убедени во новата функција, бидејќи не само што се поедноставуваат процесите, туку и значително се заштитува животната средина. „Даваме големо значење на одржливоста, бидејќи нашето мото гласи - Логистика за луѓето и животната средина. Ако тргнеме од фактот дека дневно добиваме и до 32 еднострани документи, тоа е веќе приближно 1000 страници хартија месечно. И притоа мораме уште и да земеме во предвид дека еден документ може да се состои од повеќе страници, како на пример карго осигурувањето. Тоа е голема количина на хартија. Затоа и претпочитаме деловни партнери, чии документи можеме да ги преземеме без хартија т.е во дигитална форма, објаснува управителот Вили Келерсхон.
Времето е пари
„Посакувам да можам да го запрам времето“, е реченица која сигурно секој барем еднаш ја има кажано... Оваа способност сигурно си ја посакуваат сите кои се вклучени во логистичката бранша, бидејќи тука времето е скапоцено. Тоа го знае и Јоди Дал Феро, диспонент во семејната фирма Дал Феро Транспорти од Италија: „Порано при доделување на транспортен налогн беа испраќани секогаш најмалку четири документи преку факс или Имејл. Понекогаш истите не беа целосни или прилогот беше преголем и самите моравме да ги доработуваме. Тоа не чинеше време и нерви. Со новата функција овие проблеми ги немаме веќе. Некои од партнерите на почетокот се чудеа зошто ние како мала фирма толку се залагаме за дигитализација, но кој сака да опстане на пазарот, мора да биде во тек со времето.
Во тек со времето сака да е и најголемата транспортна платформа во Европа. Имено, за 2017 година се планира нова голема новина, со која се сака да се поддржат корисниците во однос на оптимизирањето на процесите и дигиталното работење. Ова, како што се предвидува, на корисниците ќе им се претстави кон средината на годината.