21.02.2017

Ново: TimoCom TruckBan

Најголемата транспортна платформа во Европа нуди бесплатен портал со информации за забрани за движење на ТМВ

(1)

Еркрат, 21.02.2017 - Правилата за забрани за движење на ТМВ во Европа се многу сложени. Така, правилата за забрана на движење на ТМВ важат во различни земји на одредени релации, улици и делови на автопатишта и тоа во точно одредени времиња. Изгледа невозможно, да се задржи преглед над сѐ. За да не остане на тоа,  TimoCom го разви прегледниот портал за забрани на движење на ТМВ ширум Европа TimoCom TruckBan, кој отсега е на располагање на 14 јазици.

Само ако се погледнат прописите за забрана на движење на ТМВ во Германија, брзо може да се заклучи колку оваа тема може да биде посебна до детаљи. Овде на пример, не смеат да се движат во недели и на празници, во време од 0 до 22 часот ТВМ со дозволена вкупна тежина од над 7,5 тони како и ТМВ со приколки.  Сепак, за возилата кои превезуваат одредени добра има исклучоци. При прекршување на правилата, во Германија се одредува казна од 120 Евра. Дополнително, овој прекршок може да му се препише и на имателот на возилото и тогаш прекршочниот ценовник во Германија предвидува казна во висина од 570 Евра. Дополнителни потешкотии се и летните забрани за движење. Во овој период ТВМ со дозволена вкупна тежина од над 7,5 тони како и ТМВ со приколки не смеат да се движат од 01 Јули до 31 Август и во саботи во време од 7 до 20 часот на одредени автопатишта и сојузни патишта.

Крај на забуните

Ако само се помисли дека секоја европска земја има сопствени утврдени прописи за забрана на движење на ТМВ, многу е тешко да се воспостави преглед. Уште покомплицирано е кога во лето на тоа ќе се додадат уште и меѓународните забрани за возење за време на летните одмори. Тоа си го помислија и во најголемата транспортната платформа TimoCom и затоа сега се започна со бесплатниот портал за забрана на движење на ТМВ ширум Европа „TimoCom TruckBan“(www.truckban.info). Тука можат сите од транспортната или логистичката дејност во секое време брзо да се информираат за забрани на движење на ТМВ ширум Европа преку викенди, во лето или за време на празници и тоа на 14 понудени јазици. За ова, потребно е да се одбере посакуваната држава и опционално датумот и соодветните забрани за движење ќе се појават како структуриран преглед. TimoCom TruckBan е особено интересен за диспоненти и возачи на камиони. Така порталот служи како медиум за поддршка 

Повеќе информации за  TimoCom ќе најдете на mk.timocom.com. TimoCom TruckBan може да го најдете на www.truckban.info.

Преземете го соопштението за печат
нагоре