09.03.2016

Поуспешни од планираното: TimoCom ги презентира бројките за 2015

Значително зголемување на клиенти и понуди на транспортната платформа

(2)

Еркрат, 29.02.2016 – TimoCom и по завршување на  деловната 2015 година и понатаму ја зацврстува својата позиција како најголема транспортна платформа во Европа: Во меѓувреме, над 110.000 корисници дневно нудат и до половина милион понуди на утовари и утоварен простор. Тоа пресметано во однос на целата измината година значи: 68,1 милиони понуди, кои во 2015 беа објавени на платформата. За зголемената вредност на фирмата придонесоа и наградите „Најдобра марка 2015“ како и „connect-Award“ на телематскиот гигант TomTom. Исто така за успех може да се смета и воведувањето на TimoCom месинџерот со веќе испратените преку 7000.000 пораки.

Поуспешни од планираното: TimoCom ги презентира бројките за 2015

Енормно зголемување на понудите на утоварен простор и утовари

Фирмата со седиште во Еркрат покрај Диселдорф има над 400 вработени и со годишен обрт од 56,7 милиони Евра е една од најуспешните средни ИТ фирми во целокупната транспортна и логистичка бранша во Европа. Уште поинтересно од деловните бројки и над 7.200 договори со нови клиенти, се 68,1 понуди на утоварен простор и утовари ширум Европа кои во текот на 2015 беа објавени на платформата на TimoCom. Тоа значи и зголемување од 16% во однос на предходната година. Покрај зголемениот број на постојани клиенти, и многуте нови можности за поврзување продонесоа за ова зголемување. Цели 13% од вкупниот број на понуди на утовари и утоварен простор се добиени благодарејќи на новоприклучените поврзувања помеѓу сопствениот софтвер за диспонирање на клиентите на TimoCom и транспортната берза. Со помош на овие поврзувања понудите на возила и утовари од интерните шпедициски програми на фирмите со само неколку клика директно се пренесуваат во TimoCom. Дополнителна додадена вредност нуди и решението за следење на возила независно од понудувачот TC eMap®,на кое во меѓувреме се приклучени повеќе од 170 понудувачи на телематски системи. Поврзувањата служат за тоа да не биде потребно менување на веќе избраните телематски системи и платформата на TimoCom и со тоа може да се заштеди важно време.

И понатаму клиентите на TimoCom се многу задоволни

Според извршеното истражување, една понатамошна заштеда на време забележуваат 25% од сите клиенти само по неколку седмици од воведувањето на TimoCom месинџерот. „Една четвртина од нашите клиенти наведе дека преку месинџерот можеле побрзо да договорат налози. Тоа, за во фазата на привикнување, е многу добар резултат“, резимира главниот представник на TimoCom, Марсел Фрингс. Досега преку деловниот месинџер беа испратени 700.000 пораки. „Не само што обезбедуваме вистинска додадена вредност за корисниците на TimoCom, туку и ја зголемуваме и довербата кон него. Затоа и многу не израдува, што 86% од нашите корисници уште пред воведувањето се чувствувале многу добро информирани за новиот производ“ нагласува Фрингс. Добриот одѕив од страна на клиентите се отсликува и кај наградата „најдобра марка 2015“, за која TimoCom по седми пат беше избрана од страна на читателите на ETM-Verlag.

Нови иновации за 2016 се во изработка

По билансирањето на минатата година главниот представник на TimoCom, Марсел Фрингс дава кратка најава за тоа што ќе треба да се случи во 2016 година: „Откако со месинџерот беше создадена основата, во текот на годината ќе воведеме професионален систем за управување со документи. Освен тоа ги интензивираме нашите активности во Велика Британија и во Турција. Накратко кажано: И понатаму ја зголемуваме брзината за нашите клиенти и тоа ширум Европа.“

Својата следна иновација давателот на ИТ услуги сака да ја претстави токму на најголемиот саем за транспорт и логистика IAA комерцијални возила 2016.  

Преземете го соопштението за печат
нагоре