12.11.2019

Кога не само робата, туку и профитот се крие во складиштето

Како слободниот простор во складиштето може да се претвори во профит.

(1)

Кога Божиќ ќе заврши, веќе следниот сезонски бизнис е во полн ек - за Велигден. Искористеноста на складиштата наскоро достигнува максимални капацитети и го снемува слободниот простор за складирање. Ретко кој простор за складирање е достапен на краток и среден рок - но тоа само привидно. Покрај тоа, потрагата по соодветни даватели на услуги може да биде огромен временски фактор, а времето чини пари. Зарем не би имала смисла една апликација која едноставно ги здружува давателите на логистички простор за складирање и потенцијалните клиенти? Со клик на глувчето?

Слободниот простор за складирање не е реткост само во сезонскиот бизнис. Со берзата на складишта понудувачите на складишен и логистички простор можат лесно и брзо да пронајдат клиенти.

Каде со робата?

Се случува секој ден: Камионот подоцна од предвиденото пристигнува до местото на истовар. На лице место, возачот утврдува дека не може да ја растовари робата бидејќи приемот на роба е затворен. Но, возачот мора да осигура дека товарниот простор ќе биде празен. Бидејќи тој сè уште има налог за следниот утовар а и времето притиска. Секоја минута во која камионот е утоварен со робата чини пари. Мора да има решение - и тоа брзо. Тука помага една берза на складишта. Без оглед на тоа дали има сериозен проблем на истоварното место или е потребен дополнителен простор за складирање на одредено време заради сезонски бизнис: Со берзата на складишта понудувачите на складишен и логистички простор можат лесно и брзо да пронајдат клиенти.

Како функционира една берза на складишта?

Веб-базирана берза на складишта функционира како пребарувач. Слободните простори и површини за складирање можат да бидат понудени и посредувани. Понудувачите го користат системот за да ги постават своите слободни капацитет со сите релевантни информации. Од друга страна, компаниите кои имаат роба, но немаат доволен или соодветен простор за складирање или логистика, можат да ги најдат со помош на берзата. Барањето за пребарување дава резултати што се прилагодени на робата што треба да се складира. За таа цел, корисникот на берзата на складишта прво ги внесува посакуваните критериуми во маската за пребарување како што се на пр. видот, големина или локација на складиштето. Системот потоа пресметува совпаѓања помеѓу барањето за пребарување и понудата на веќе понудени слободни складишта. Резултатот: Список на потенцијални, слободни складишни или логистики површини, кој ги обезбедува сите релевантни податоци и овозможува директен контакт.

Зошто да се користи берза на складишта?

Одговорот е едноставен: Со помош на  веб базирана берза на складишта, компаниите можат брзо и флексибилно да одговорат на потенцијалните тесни грла со складишни површини. Од друга страна, можат да се избегнат слободните простори и подобро да се искористат капацитетите. Бидејќи слободните површини се неискористен капитал. И берзата на складишта не им нуди на логистичарите предности само во ударните времиња. Дури и кога нивото на побарувачка е намалено, складиштата можат оптимално да се искористат. Со берза на складишта, можат да се избегнат слободните површини што е можно најдобро во текот на целата година - и со тоа да се подигнат скриени профити. И кај шпедитерите и компаниите преовладуваат придобивките. Со помош на берза на складишта, со минимум ангажман на персонал можат брзо и лесно да изберат складишта низ цела Европа и да се споредат трошоците.

Можноста да најдете соодветни решенија на берзата на складишта е дотолку поголема, колку е поголема и поширока понудата. На пример, TIMOCOM  исто така нуди берза на складишта во рамките на Smart Logistics системот, кој со голема разлика е најголема мрежа на различни складишни површини и видови во Европа - без дополнителни трошоци. Корисниците на системот автоматски имаат пристап до берзата на складишта  и потенцијално до повеќе од 7.000 понудувачи на складишта од 44 европски земји. Различни барања можат се покриваат најдобро можно: од долгорочно складирање до краткорочна и среднорочна резервација на просторот за складирање. И така можат и сезонските производи, како што е порцеланското зајаче за велигденска декорација,  да си го најдат најдат соодветниот простор за складирање со помош на берза на складишта.

Преземете го соопштението за печат
нагоре