21.03.2017

TimoCom годишен биланс: Надминати се очекувањата за 2016

Најголемата транспортна платформа во Европа со најголем годишен обрт од своето основање

(1)

Еркрат, 20.03.2017 -  Така, минатата година беа поставени 68,3 милиони понуди на утовари и утоварен простор од повеќе од 110.000 корисници. Со тоа TimoCom и понатаму е транспортна платформа со најголем волумен на понуди во Европа. Исто така и лансирањето на последната новина - функцијата за поставување и преземање на документи - може да се смета за успех. Тука само во периодот од септемри до крајот на годината веќе беа објавени  над 16.000 документи од корисниците.

Раст на сите полиња

За ИТ фирмата со 400 вработени, 2016 година беше најуспешната од своето основање во 1997. Така фирмата со средна големина достигна годишен обрт од 62,2 милиони евра, што е за 5,5 милини евра повеќе од предходната година. Истовремено радува и зголемувањето на бројот на клиенти за 7.300 нови клиенти, што значи вкупно број од над 36.000 клеинти и повеќе од 110.000 корисници. Истите во текот на целата година на транспортната платформа понудија повеќе од 68,3 милиони понуди на утовари и утоварен простор. Освен тоа, за понатамошниот успех на фирмата придонесоа и добивањето, и тоа по осми пат по ред, на наградата „најдобра марка“ на ETM-Verlag како и добивањето, по четврти т.е по втор пат на печатот за квалитет „набавки на утовари“ и „набавки на превози“ на компанијата BMEnet GmbH,  (Германско здружение за управување со материјали, набавка и логистика“ (Bundesverband Materialwirtschaft, Einkauf und Logistik e.V.) за транспортната платформа на TimoCom.

Корсниците се опремуваат за дигиталната трансформација

Дигиталната трансформација беше топ тема во изминатата година. Таа е есенцијален составен дел од иднината на транспортната и логистичката бранша, а со тоа и од транспортната платформа. Оттука, кориснички ориентираниот пристап упатува на трасирање на пат за напредна дигитализација. Така TimoCom во септември 2016 го прошири деловниот именик со 36.000 фирми од 44 европски земји со функцијата за поставување и преземање на документи. Овде клиентите можат своите најчесто побарувани документи да ги стават на располагање  за преземање на други фирми преку еднократно поставување во нивниот профил. До крајот на годината беа поставени над 16.000 документи. Покрај тоа, TimoCom Messenger со преку 5 милиони испратени пораки и понатаму може да се смета за успех. Што се однесува до оптимизирањето на процесите, благодарение на поврзувањето, транспортната платформа успеа да се поврзе со над 200 понудувачи на телематика. Заедничките клиенти уживаат во комфорот, статусот на своите возила да го следат на само една мапа во TimoCom Tracking. Ова значи дека веќе е излишно пребарувањето помеѓу програмите на различни производители.

Иновативни изгледи за 2017

По успешната 2016, ИТ фирмата и за 2017 подготвува понатамошни новини кои упатуваат кон иднината: „На пример, кон средината на годината, ќе ја дополниме нашата транспортна платформа со една енормно важна апликација за оптимизирање на процесите на нашите клиенти. Истата за првпат ексклузивно ќе ја презентираме на „transport logistic 2017“ во Минхен“, вели портпаролот на компанијата Гунар Гбурек.

Преземете го соопштението за печат
нагоре