TimoCom го засилува Country Manager-тимот
Со зголемување на тимот се овозможува специфична грижа и за оваа целна група од југоисточна Европа.
Еркрат, 28.6.2017 – TimoCom, најголемата транспортна берза во Европа, постојано расте и со тоа освојува за себе нови целни групи и пазари. За да одговори на постојаниот раст на клиенти, се засили Country Manager-тимот за југоисточна Европа. Досега за овие земји се грижеше Тина Панџа, сега со Ана Домановиќ и Ален Солина работната сила е двојно зголемена. Двајцата „нови“ експерти се веќе познати во југоисточна Европа преку нивнтата досегашна работа во TimoCom.

Со двојна сила за дејноста
Ана Домановиќ работи во TimoCom веќе 9 години и на многу клиенти им е позната уште од времето кога работеше како дел од Customer Care тимот. Како некој што водел грижа за клиентите и како маркетинг асистент Ана Домановиќ носи вредни познавања за потребите на српските, македонските и црногорските клиенти на TimoCom и ги познава трендовите во тие земји.
Нејзиниот колега Ален Солина од 2016 е Account Manager во TimoCom, а отсега како Country Manager ќе биде задолжен за земјите Словенија, Босна и Хрватска.
Како нови Country Manager-и Ана Домановиќ и Ален Солина ќе се посветат во иднина на маркетинг стратегиите за областите за кои се задолжени, секогаш со земање во предвид на актуелниот развој и потребите на клиентите. Со тоа што сега позицијата е двојно пополнета, бидејќи и двајцата по функција се контакт за печат секогаш ќе има некој кој може да одговори на барањата. Зголеменото присуство на Ана Домановиќ и Ален Солина ќе биде и јасно видливо на настани, бидејќи сега ќе бидат во можност да посетуваат повеќе настани во соодветните земји и да негуваат лични контакти на лице место.
Прва топ тема за двајцата: Новата апликација TC Transport Order® за дигитално спроведување на налози во платформата на TimoCom, која е посебно интересна за фирми од индустријата и трговијата.