TIMOCOM претставува сеопфатен систем на нови паметни апликации за логистиката
На фирмите им го поплочуваме на патот кон дигиталната ера
Еркрат/Минхен, 5.Јуни 2019– TIMOCOM сака да им овозможи на транспортните и логистичките компании да влезат во дигиталната ера. На саемот transport logistic 2019 во Минхен, давателот на ИТ услуги ќе претстави сеопфатен систем на нови апликации, интерфејси и партнери што дигитално ќе ги поддржи логистичарите во сите области на транспортниот процес. "Сакаме да направиме иновациите, кои секој ден ќе ги подобруваат нашите клиенти, да бидат лесно достапни како електричната енергија од приклучокот на ѕидот", вели портпаролот на TIMOCOM, Гунар Гбурек.
Следејќи ја корпоративната визија за создавање логистика без предизвици, TIMOCOM го проширува својот нов Smart Logistics System. Ја надополнува водечката европска берзата за утовари и утоварен простор која е дел од системот, со иновативни дигитални апликации, како што е обработка на налози. "Нашата цел е да бидеме за нашата мрежа од клиенти и партнери основен дигитален снабдувач на европската логистичка индустрија", вели Гбурек.
ИТ компанијата планира до 2030 година да инвестира околу 100 милиони евра во проширувањето на својот системи повеќе од двојно зголемување на бројот на клиенти на 100.000 во текот на овој период. Во рамките на понатамошната интернационализација, бројот на вработени ќе се зголеми за 300 на 800 во текот на следните единаесет години.
Интелигентните API-ови овозможуваат размена на податоци со Smart Logistics System
Новите интерфејси го поедноставуваат пристапот на компаниите до Smart Logistics System. Таканаречените Smart API им нудат на корисниците можност да се поврзат со системот преку нивниот постоечки логистички софтвер. Пристапот до апликациите е секогаш преку еден единствен интерфејс. На пример, компаниите можат да го користат Smart API за поврзување на транспортните налози на повеќе од 43.000 потенцијални деловни партнери во системот за испраќање и примање на транспортни налози од сопствениот логистички софтвер.
Споделување на податоци со мрежните партнери
Дел од системскиот концепт е интеграцијата на силни партнери. Со Cargoclix и Krone Telematics, TIMOCOM додаде две други познати компании во тимот, со кои GPS-податоците поврзани со релациите можат да се делат преку системот. Со тоа им е возможно на корисниците што го користат TIMOCOM да можат да ги управуваат и оптимизираат транспортите врз основа на податоци во реално време. Денес веќе 246 понудувачи за телематика од цела Европа се интегрирани во Smart Logistics системот. Освен тоа, нови партнери кои нудат логистички софтверски решенија се и Doll + Leiber, Lavid Software, Transdata, C-Informationssysteme и Logistiqo. „Логистиката живее од вмрежувањето. Тоа денес можеме да го гарантираме речиси целосно дигитално преку интерфејси со партнерите кои се интегрирани во нашиот систем ", вели портфолио менаџерот на TIMOCOM, Philipp Schmidt. Намерата е во иднина да се отвори системот за апликации од трети страни.
Нова почетна страница на системот со кориснички насоки базирани на потребите
Видливи знаци за новата дигитална ера кај TIMOCOM е комплетно ново дизајнирана и структурирана почетна страна како вовед кон паметните апликациите на системот. 130.000 корисници со неколку кликови ќе бидат наведувани низ системската разновидност и се добива едноставен пристап до посакуваните апликации. „Нова почетна страница на системот е многу повеќе попрегледлива и поинтуитивна, бидејќи целно ги таргетира различните кориснички групи и потреби“, вели маркетинг директорот на TIMOCOM Пелажи Мепин. Така фирмите се во можност дигиталните апликации дирекно да ги избираат за активирање на тендери, за оптимизација на релациите или за следење на возила.
"Сакаме да им понудиме на нашите клиенти можност да ја прошират својата логистика, да го подобрат и да го зголемат својот опсег на активности", вели Мепин. Ветување кое се рефлектира и во новиот корпоративен слоган на TIMOCOM: „Augmented Logistics“.