01.04.2019

TIMOCOM расне двоцифрено: Дигитални решенија за транспортниот свет како мотор на развојот

бројот на корисници на Smart Logistics System достигна нови височини

(1)

Еркрат, 01.04.2019 – TIMOCOM останува на курсот за раст. Минатата година, операторот на Smart Logistics System аабележа не само поголемо движење на својата транспортна берза. Најголем скок во 2018 година  од страна на агилната ИТ компанија беше направен со апликациите за дигитализација на управувањето во логистиката.

Бројот на корисници кои своите транспортни потреби ги спроведуваат дигитално преку ИТ системот е зголемен на повеќе од 130.000 во споредба со претходната година (2017: 127.000). Обртот се зголеми за цели десет проценти во 2018 година и се зголеми за 6,7 милиони евра на 74,6 милиони евра. Околу 43.000 клиенти (2017: 40.000) брои денес ИТ фирмата.

"Трансормацијата од транспортна до системска платформа носи плод", коментира портпаролот на TIMOCOM Gunnar Gburek за резултатите од сега објавениот годишен биланс на состојба. "Денес, нашите клиенти на TIMOCOM ќе најдат сé што им е потребно за дигиталното поврзување на партнерите и процесите во логистиката".

Бројот на транспортни налози дигитално управувани од страна на клиентите на TIMOCOM преку апликацијата TC Transport Order се зголеми петкратно на 60.869 налози од почетокот во 2017 година (2017: 12.900 транспортни налози). Апликацијата им овозможува на корисниците да управуваат со нивните административни процеси со сите вклучени актери - од барање за транспорт до доделување на налог до фактурирање - преку единствен систем без менување на медиумите. Исто така, многу беа користени и апликациите за оптимизација на релациите или за актуелна локација на возилата: беа пресметани 32,7 милиони релации а следени133.295 ТМВ.

Исто така и транспортната берза, камен-темелникот на компанијата основана во 1997 година, покажа уште поголемо движење во изминатата година: Бројот на понуди на утовари и  утоварен простор  се зголеми на вкупно 93,9 милиони (претходната година: 90,7 милиони).

Ново придодадено на ова се дополнителните телематички интерфејси: Во меѓувреме на TIMOCOM има 245 оператори за телематика, во 2017 година имало 230. Со 508 вработени (2017: 460) од 30 земји, нов рекорд беше постигнат и кај вкупниот број на вработени.

Преземете го соопштението за печат
нагоре