09.05.2017

TimoCom со нова апликација TC Transport Order®

Транспортната платформа станува трансакциска платформа

(3)

Еркрат, 9.5.2017 – тајната е откриена: TimoCom ја проширува најголемата европска транспортна платформа со нова апликација!  Со активирањето на лето, TC Transport Order® ќе им овозможи на повеќе од 120.000 корисници на TimoCom целосна дигитална трансакција на платформата. Со овој важен чекор TimoCom овозможува значителна дополнителна вредност во однос на дигиталното оптимизирање на процесите за своите клиенти.

Со новата апликација клиентите за првпат своите транспортни налози ќе ги комуницираат директно во платформата на TimoCom, со што дигиталното поврзување помеѓу налогодавачот и налогоземачот ќе биде значително поефикасно. „Воведувањето на TC Transport Order® значително ќе придонесе за дигиталниот развој на платформата.  Тоа за нашите клиенти значи пред  сè значителна временска придобивка како и значителна оптимизација на процесите, благодарејќи на дигиталните чекори и избегнувањето на дополнителни медиуми“, објаснува Гунар Гбурек, потрпарол на TimoCom.

Дигитално побарување на транспорти и централно управување со налози
Со побарувањата на транспорти во TC Transport Order® на налогодавачите им е овозможено, да побаруваат транспорти паралелно и кај повеќе партнери - во реално време и по актуелни цени. Од сите добиени понуди, одберете ја едноставно најоптималната. Потенцијалните даватели на услуги преку конкретно добиеното барање имаат можност за дополнителна работа. Со „дигиталното ракување“ зделката се склучува во управувањето со налози во TC Transport Order®. Тука и двете деловни страни имаат преглед врз сите транспортни налози и нивниот статус. Истите можете за целите на сопствената оранизација во кое било време да ги управувате централно на платформата на  TimoCom. Освен тоа, корисникот на  TimoCom  во иднина добива и известувања за релевантните постапки - исто така директно во рамките на транспортната платформа.

Од почетокот на јули TC Transport Order® ќе ги оптимизира деловните процеси помеѓу транспортерите, шпедитерите и фирмите што нудат транспорти и во основа со тоа ќе се погрижи за свеж нов ветар во секојдневната работа со транспортната платформа на TimoCom.

Преземете го соопштението за печат
нагоре