21.09.2016

TimoCom со нова функција

Дигитална трансформација на најголемата транспортна берза во Европа

(1)

Еркрат, 21.09.2016 - Постои збор од 14 букви, кој во транспортната и логистичката бранша се почесто се користи и наскоро нема да може да се избрише ниту од речникот ниту од размислувањата на секоја фирма. Станува збор за „дигитализација“. Овој процес се повеќе и повеќе се засилува. За да си обезбедат конкурентност, фирмите мора уште сега да започнат да ги оптимизираат сопствените процеси.  За да може да ги поддржи во тој процес над 110.000 корисници, TimoCom ја прошири својата транспортна платформа за уште една важна функција. Функција за поставување и преземање на документи.

Едноставно единствена
Порано на пример вака се одвиваше: Пронајден е вистинскиот утовар и двата деловни партнера брзо се договорија. На крајот мора да се рзмени вообичаената документација  по факс или Имејл.  Тоа може да се оддолжи или во најлош случај воопшто и да не пристигнат.  Се започнува со телефонирање, многу вредно време изминува и нервозата почнува да расте. Токму тоа сега ќе се промени со еднократното поставување на документите, според портпаролот на фирмата, Марсел Фрингс: „Функцијата за поставување и преземање  интегрирана во деловниот именик  ќе им овозможи нашите корисници, во својот профил на фирмата да ги поставуваат најчесто побаруваните документи како на пример ЕУ лиценцата, Меморандумот на фирмата или транспортното осигурување со што ќе им биде на располагање и на останатите корисници на TimoCom. Со тоа отпаѓа напорното испраќање на документите по факс или Имејл.“ Покрај позитивниот ефект на заштеда на време, постои уште една одлучувачка предност: Корисниците можат значително да ја подобрат предноста пред конкуренцијата со поставувањето на документите, бидејќи колку е  подетален и поквалитетен деловниот профил, толку е поголема можноста за успешна деловна зделка.

Безбедност и видливост
Токму преку дигиталната размена на документи се сака да се има доверба во заштитата на податоците како и безбеден пренос. Ова најчесто не се гарантира преку јавните сервиси за размена на текстуални пораки или преку имејл. Со новата функција за поставување и преземање, по прашањето на заштита на податоците, клиентите на TimoCom се на безбедната страна, бидејќи нивните податоци подлежат на строгото германско право за заштита на податоци и снимањето на документите секогаш се одвива безбедно и шифрирано. Освен тоа, за време на целиот процес на поставување, во секое време имате целосна контрола врз прегледноста на документите и по поставувањето не се видливи ниту за TimoCom ниту за било кој друг клиент на TimoCom. Дури откако поставениот документ е означен да биде видлив,  останатите корисници на транспортната платформа можат да го погледнат и преземат.

Што уште е видливо: Со ова TimoCom го постави темелникот за дигитализацијата. Сега за над 36.000 клиенти важи зборот со 7 букви: Започни!

Преземете го соопштението за печат
нагоре