30.04.2020

TIMOCOM-Транспортен барометар: Европскиот транспортен пазар пулсира во знак на корона вирусот.

За време на корона кризата, во првиот квартал на 2020 година имаше значителни флуктуации на транспортниот пазар.

TIMOCOM-Транспортен барометар:

Еркрат, на 30. Април 2020 - Неизвесноста за текот на корона кризата во март доведе до пораст на понудите на утовари на европскиот транспортен пазар. „Многу компании, со оглед на можното заатворање на границите и другите ограничувања поради корона вирусот, побрзаа со своите нарачки“, коментира Тилман Феке, бизнис аналитичар во TIMOCOM, за невообичаено високиот пораст на понудите на утовари, кои беа понудени до средината на март на водечката транспортна берза во Европа.

„Во моментов има мал нагорен тренд во делот со понудите на утовари. Како ќе се развива транспортната индустрија во контекст на корона пандемијата ќе се види дури во вториот квартал. “ вели портпарол на компанијата TIMOCOM, Гунар Гбурек

Во првиот квартал на 2020 година, TIMOCOM  забележа за 16 проценти повеќе понуди на утовари во однос на истиот период претходната година; Транспортот од земјите на ЕУ кон Италија се зголеми за 26 проценти, кон Полска дури за 53 проценти. Особено беа барани фриго возилата. На врвот, побарувачката за контролиран температурен транспорт беше за 50 проценти поголема во однос на претходната година, известува операторот на берзата.

Во средината на март понудите на утовари паднаа за повеќе од две третини

Пресвртот на нагорното движење започнува од средината на март со заклучувањето на Европа, што во голема мерка ги доведе во мирување производните погони и - со исклучок на трговијата на мало со храна - пад на обемот на испорака. „И покрај зголемувањето на транспортот во прехранбениот сектор, бројот на утовари низ цела Европа од средината до крајот на март паднаа за повеќе од две третини “, пренесува Фекке. „Немало споредлив развој пред Велигден.“ На TIMOCOM дневно се нудат и обратуваат и до 750.000 меѓународни понуди на утовари и утоварен простор.

Иако транспортните компании очајно бараат налози за да ги товарат своите камиони во време на заклучување, товарните капацитети што се нудат на пазарот преку TIMOCOM  се намалија во првиот квартал од оваа година. Бројот на слободно достапни камиони низ цела Европа во Q1 се намалил за три проценти во однос на истиот квартал од претходната година; во Германија бројот на понуди на возила се намалил дури и за 15 проценти. Како тоа се вклопува заедно?

„Забележавме дека транспортните компании привремено повлекуваат делови од флотата на нивните возила заради недоволната искористеност“,  коментира портпаролот на TIMOCOM, Гунар Гбурек. Вонредната состојба во која светот се наоѓа во овие недели доведува до нарушувања на пазарот. Гбурек е сепак уверен: „Во моментов има мал нагорен тренд во делот со понудите на утовари. Како ќе се развива транспортната индустрија во контекст на корона пандемијата ќе се види дури во вториот квартал. “

Од 2009  FreightTech компанијата TIMOCOM со транспортниот барометар го анализира развојот на понудите и побарувачката за транспорт на во Smart Logistics системот интегрираната транспортна берза. На овој начин, повеќе од 130.000 корисници дневно генерират и до 750.000 меѓународни понуди на утовари и утоварен простор. Системот им помага на над 43. 000 TIMOCOM клиенти да ги постигнат своите логистички цели на паметен, безбеден и лесен начин.

Преземете го соопштението за печат
нагоре