27.10.2021

TIMOCOM транспортен барометар: Силен раст по летното затишје

Трет квартал 2021 година: Волумен на прекугранични товари 51 отсто над нивото од претходната година - мало намалување во споредба со вториот квартал од 2021 година

Обемот на товарот над нивото од претходната година

Еркрат,  27.10.2021 - Третиот квартал од 2021 година уште еднаш го потврдува нагорниот тренд во патниот товарен транспорт. Транспортниот барометар на TIMOCOM бележи натамошно зголемување на понудите на товари во  Smart Logistics системот. Кумулативните податоци од 46 европски земји покажуваат значителен пораст од 51 отсто во споредба со третото тримесечје од 2020 година.

Во текот на 2021 година, особено септември е на високо ниво: Со пораст од 60 проценти во споредба со август, трендот јасно покажува нагорна линија. „Развојот тука делумно се должи на почетокот на сезонските активности кон крајот на годината“, вели Гунар Гбурек.

Значителен раст по летното затишје

Das dritte Quartal 2021 führt die Entwicklungen der ersten beiden Quartale weiter fort: Откако веќе првиот квартал започна со раст од 58 проценти, вториот квартал успеа да го удвои нивото пред корона пандемијата со зголемување од 251 проценти во споредба со слабиот квартал од претходната 2020 година. Третиот квартал сега повторно покажува зголемување од 51 отсто во споредба со 2020 година, иако е забележано мало намалување во споредба со вториот квартал 2021 година: Севкупно, беа понудени околу 9 проценти помалку понуди на товари отколку во вториот квартал од 2021 година.

По релативно слабиот август, -29 проценти во споредба со јули 2021 година, септември повторно забележа околу 54 проценти повеќе товари и со тоа заврши благото летно ѕатишје.

Третиот квартал на европскиот пазар во месечна споредба

Развојот на изминатите три месеци во бројки: Јули 2021 година покажа мало намалување од 6 проценти во споредба со силниот месец јуни. Меѓутоа, во август, понудите на товари значително се намалија за вкупно 29 проценти. „Ова е сезонски развој“, коментира Гунар Гбурек, портпарол на компанијата TIMOCOM. „Во летните месеци, ние традиционално бележиме пад на понудите на товари. Особено август е еден од послабите месеци во Европа. Она што е поважно е континуираниот позитивен развој во споредба со 2020 година, како и очекуваниот и остварен пораст во септември “. Според транспортниот барометар, патниот товарен сообраќај повторно забележа позитива од 54 проценти зголемување на понудата на товари во споредба со претходниот месец. Во споредба со септември 2020 година, зголемувањето е 33 проценти.

Националните бројки во Германија се на европско ниво

Националните бројки во Германија  за изминатиот квартал покажуваат сличен тренд како и вкупниот број на сите понуди на товари во Европа. Иако товарорите во внатрешниот сообраќај падна за 18 проценти во споредба со претходниот втор квартал од 2021 година, зголемувањето во споредба со 2020 година сеуште е јасно забележливо: Со 47 проценти повеќе понуди на товари отколку во истиот период од претходната година (Квартал 3 2021 во споредба со квартал 3 2020), транспортниот барометар дури забележа повеќе понуди отколку во 2019 година. Поделено на поединечни месеци, може да се видат следните промени во споредба со месеците за споредба од 2020 година: Јули +105 проценти, август +34 проценти, септември +24 проценти.

Во текот на 2021 година,  особено септември е на високо ниво: Со пораст од 60 проценти во споредба со август, трендот јасно покажува нагорна линија. „Развојот тука делумно се должи на почетокот на сезонските активности кон крајот на годината“, вели Гунар Гбурек.

Полскиот национален пазар со поинакви показатели

Во Полска, националниот сообраќај во третиот квартал покажува спротивната слика: И овде, транспортниот барометар иако покажа зголемување на понудените товари од 26 проценти во споредба со истиот квартал од претходната година. Сепак  во третиот квартал од 2021 година забележа благ пораст од 2 проценти во споредба со претходниот, вториот квартал од 2021 година. Енормно силниот јули со раст од 66 проценти во споредба со истиот месец минатата година, беше проследен со август во кој имаше 19 проценти повеќе понудени товари во споредба со 2020 година. Септември беше на исто ниво како и во екот на пандемијата.

Најголемите промени во споредбата помеѓу одделни држави

Понудите на товари со потекло од Холандија и Белгија до соседна Германија  вкупно продолжија да растат. Поточно, следните промени беа забележани во третиот квартал од 2021 година во споредба со истиот квартал од претходната година:

  • ХОЛ -> ДЕ: Јули: 276% / август: 100% / септември: 110 %
  • БЕ -> ДЕ: Јули: 388% / август: 169% / септември: 121 %

Во третиот квартал од 2021 година, францускиот национален сообраќај исто така забележа значителен пораст во споредба со 2020 година: Во јули изнесуваше 32 проценти, во август 20 проценти и во септември 28 проценти.

Спротивно на тоа, имаше голем пад на понудените товари од Унгарија до дестинациите Германија и Романија во третиот квартал од 2021 година во споредба со истиот период од претходната година. Истото важи и за понудените товари од Австрија до земјата -дестинација Словенија. Преглед на конкретните негативни трендови:

  • УНГ -> ДЕ: Јули: 0% / август: + 10% / септември: -33 %
  • УНГ -> РОМ: Јули: -21% / август:  -38 %
  • -7% / септември: Јули: -16% / август: -18% / септември: -22 %

Расте недостатокот на возачи во Европа

Според различни европски индустриски асоцијации, драстично се зголемува недостигот на возачи во Европа . На насловните страници беа последните случувања  во Велика Британија, каде што недостасуваат над 100.000 возачи. И во Германија, федералното здружение за товарен транспорт, логистика и отстранување (BGL) посочува дека во оваа земја недостасуваат и до 80.000 возачи на камиони и дека бројот се зголемува секоја година. Исто така во соседните земји како што се Полска, ситуацијата е слична. Според здруженијата на транспортни компании, во моментов во Полска има недостаток од над 100.000 професионални возачи. „Гледаме значителен пад на транспортните капацитети низ Европа, што значи, пред се, помалку товарни простори. Исто така, се очекува зголемување на цените на транспортот поради овој развој “, коментира Гунар Гбурек.

Од 2009 година, FreightTech компанијата TIMOCOM го користи транспортниот барометар за да го анализира во 46 европски земји развојот на транспортната понуда и побарувачка на транспортната берза интегрирана во Smart Logistics систем . Повеќе од 135.000 корисници днево генерират и до 800.000 меѓународни понуди на утовари и утоварен простор. Системот им помага на над 45. 000 TIMOCOM клиенти да ги постигнат своите логистички цели на паметен, безбеден и лесен начин.

Повеќе информации за  TIMOCOM ќе најдете на www.mk.timocom.com

Преземете го соопштението за печат
нагоре