26.04.2023

Новa функциja: Предлагање на транспортната цена го поедноставува изборот на транспортниот партнер

New Content Item (1)

© warakorn-stock.adobe.com / бесплатно за уредувачка употреба во врска со оваа објава.


TIMOCOM на берзата ги собира понудите на налогоземачите.

Транспортната берза на TIMOCOM се проширува со функција која заштедува време. Со функцијата „Предлози за цената на транспортот“, налогодавачитее можат да ги повикаат потенцијалните деловни партнери да го сигнализираат својот интерес за транспортот и во исто време да ги достават своите ценовни предлози. Понудите му се доставуваат на налогодавачот директно во делот со објавата на понудениот товар. Ова заштедува време и го подобрува прегледот, особено кога неколку диспечери во една компанија работат со TIMOCOM.


Ефикасно доделување на налози и покрај големиот број на понуди

Оние кои ја користат транспортна берзата TIMOCOM имаат корист од големата деловна мрежа. Без разлика дали се работи за шпедитери, транспортери  или налогодавачи - повеќе од 53.000 клиенти од цела Европа ја користат платформата за брзо и лесно наоѓање на нови деловни партнери и за доделување транспорти. Ова значи голема безбедност. Она што е во сусштина е посакувано, понекогаш мора да се филтрира. „За популарните понуди на товари, клиентите добиваат 500 барања и повеќе“, вели менаџерот за производи Давид Мог. „Тие контактираат со диспечерите преку е-пошта, телефон и текстуални поракии непотребно го комплицираат доделувањето на налозите.“


Функцијата „Предлози за цената на транспортот“  обезбедува поефикасно управување со понудите. Благодарение на неа, налогодавачите можат да избираат од мноштво на понуди и притоа секогаш да имаат преглед над сите понуди. Веднаш е видливо кој ќе го вози и по која цена понудениот товар. Истотака, оже да се побараат дополнителни информации преку „Предлози за цената на транспортот“, како на пример, за потребните ISO сертификати или камиони со ниски емисии.


FME Frachtmanagement Europa: Олеснување за диспечерите

Во FME Frachtmanagement Europa GmbH, ефикасноста е дел од филозофијата на компанијата. Шпедитерската компанија од местото Хоф во Баварија е активна низ цела Европа како специјалист за директни товар на делумни и целосни товари, како и специјални транспорти. Менаџерот за шпедиција Кристофер Кранхолд е среќен со предлозите за цената на транспортот. Таа ќе одземе голем дел од работата на неговите колеги од диспозиција при креирањето на нови понуди на товари. „Мојот тим на диспечери заштедува време и на еден монитор добива јасен преглед  на транспортните понуди. Ова значи дека уште побрзо можеме да го планираме вистинскиот камион , а долгите процеси на размена на е-пошта и телефонски повици се нешто од минатото“, вели Кранхолд.


Новата функција сега е достапна без дополнителни трошоци за сите клиенти на TIMOCOM на Road Freight Marketplace.

Преземете го соопштението за печат
нагоре