19.02.2026

Чекор по чекор до TIMOCOM Marketplace: услови за пристап, регистрација и достапни услуги

Welcome to TIMOCOM Blog

TIMOCOM Marketplace е една од најголемите европски логистички берзи за транспортни услуги, која им овозможува на компаниите брзо и ефикасно да ги поврзат понудите со товари и слободни возила низ Европа. Оваа дигитална транспортна берза е наменета исклучиво за деловни субјекти, при што сите корисници поминуваат низ задолжителни проверки пред пристап до платформата.

Кој сè може да ја користи TIMOCOM платформата?

Право на пристап имаат фирми кои се занимаваат со патен транспорт, логистички услуги, шпедиција, но и компании од областа на производство, трговија, складирање и сродни деловни области кои сакаат да ја оптимизираат својата логистика и ефикасно да најдат превоз за својата стока. Приватни лица, како поединци без регистрирано деловно работење, не можат да добијат пристап, ниту да ја користат платформата, бидејќи таа е дизајнирана за деловни процеси во рамките на пазарните потреби. 

Накратко, пристап до TIMOCOM Road Freight Marketplace можат да добијат, меѓу другите:

  • Транспортни претпријатија – од моментот на добивање на сите потребни дозволи
  • Курирски и експресни доставни служби - од моментот на добивање на сите потребни дозволи
  • Компании од областа на организација на транспорт – шпедиции
  • Трговски претпријатија - кои имаат потреба од транспорт на стока, а работат најмалку 6 месеци
  • Производствени фирми - кои имаат потреба од транспорт на стока, а работат најмалку 6 месеци
  • Компании чиј бизнис се однесува на управување со складишта

Во основа, ако компанијата учествува во логистичкиот ланец или има потреба од транспортни услуги, може да се регистрира за пристап до TIMOCOM Marketplace.

Процес на регистрација – што се бара?

При регистрација на компанијата на TIMOCOM, потребно е да се внесат одредени податоци за фирмата за може системот да го верификува идентитетот и деловната легитимност. Клучните информации кои се бараат вклучуваат:

  • Име на фирмата
  • Адреса и земја на работење
  • ПИБ / ДДВ идентификациски број
  • Контакт лице со валиден е-маил и телефонски број
  • Податоци за типот на работење (на пр. вид на транспорт) 

Овие податоци не само што овозможуваат основна регистрација, туку служат и за внатрешна проверка за да се осигура дека станува збор за легитимен деловен субјект. По процесот на регистрација, со цел подетална проверка се бараат и дополнителни документи, како што се доказ за телефонски број, лиценца за вршење транспорт, копија од лични документи за идентификација на лицето кое ќе го користи берзата, а сè во зависност од услугите кои фирмата сака да ги користи.

Проверка и одобрување на регистрацијата

Откако ќе се пополни регистрациониот формулар, ќе се потврди е-мејл адресата и ќе се испрати регистрацијата, тимот на TIMOCOM врши проверка на сите податоци што ги доставила компанијата. Ова е важен дел од безбедносниот систем – целта е да се овозможи работа само на верификувани и доверливи деловни субјекти.

Овој процес може да вклучува проверка на правната форма, лиценцата, осигурувањето и други релевантни регистарски податоци. По успешната проверка, на корисникот му се доделува единствен TC ID број, кој ја идентификува фирмата во системот и ѝ овозможува пристап до сите доделени функции на платформата.

TIMOCOM Marketplace е достапен преку мобилни апликации и веб-портал, што значи дека корисниците можат да го користат во секое време и од каде било.

TIMOCOM користи силни безбедносни механизми. Сепак, најважна е соработката со корисниците. Со одговорно однесување на сите корисници, TIMOCOM Marketplace станува побезбеден за сите.

Профили на компании и видливост на берзата

Откако регистрацијата ќе биде одобрена, профилот на компанијата станува јавен на платформата – транспортната берзата. Тоа значи дека други компании можат да ги видат основните информации за компанијата, нејзиниот TC ID број, како и (во случај на дополнителна верификација) и потврдени документи кои ја покажуваат доверливоста на работењето. 

Ова е корисно поради повеќе причини:

  • Поголема видливост на компанијата – потенцијалните деловни партнери можат брзо да ги најдат и контактираат потенцијалните деловни партнери преку TIMOCOM Marketplace.
  • Транспарентност во работењето – верификуваните податоци ја зголемуваат довербата меѓу корисниците.
  • Побрза деловна интеракција – интегрираниот систем овозможува директна комуникација и го скратува времето за догововарање на работните задачи.

Доделување на TIMOCOM ID бројот

Откако TIMOCOM ќе ја потврди валидноста на регистрацијата, компанијата автоматски добива TIMOCOM ID број(или TC ID), единствен идентификациски број во рамките на системот. Овој ID служи како примарен идентификатор на компанијата во сите модули на платформата – од транспортната берза до комуникацијата со други корисници. 

TC ID ѝ овозможува на компанијата да објавува понуди со товари и слободни возила, да одговара на понуди од други, да учествува на тендери и да користи дополнителни услуги во системот.

Во TIMOCOM системот, секој корисник добива единствен TC ID број, кој има повеќекратна улога во идентификацијата, проверката и оценувањето на доверливоста на фирмите во рамките на логистичката мрежа. Овој број се доделува хронолошки, па помалиот TC ID е показател дека фирмата порано влегла во системот, односно дека има подолг стаж на користење на платформата. Уште поважно - TC ID се доделува само еднаш и никогаш не се повторува. Ако фирмата еднаш раскине договор со TIMOCOM, нејзиниот број станува трајно неактивен и не може повторно да се користи. Поради тоа, компаниите со постар (помал) TC ID број имаат дополнителен кредибилитет - тој означува дека се долгорочни и континуирани корисници на системот, без прекин на соработката.

Право на тестирање и цена на лиценца

Еден од важните елементиза потенцијалните новикорисници е можноста секојафирма бесплатно и безобврска да го тестира TIMOCOM пред да сеобврзе на долгорочно користењеОбично се нудипробен период од најмногучетири неделивотекот на кој можеда се тестираат баранитефункции без парична надокнадаТестниот период служитокму за корисникотврзоснова на реални искустваод тестирањето и направенатафинансиска конструкцијадапроцени дали TIMOCOM е соодветнобизнис-решение занеговата компанија.

За секој поединечен кориснике задолжен по еден account менаџер лицекое зборува на неговиотјазик и кое сегрижи за неговиот налогна TIMOCOM. Тојго воведува корисникот вокористењето на берзатаи го следи низфазата на тестирање. Попотпишувањето на договорот, корисниците имаатна располагање TIMOCOM корисничка поддршка, вокоја работат вработени сокои исто така можатда комуницираат насвојот мајчин јазик.

Што се однесува доцената за користење на TIMOCOM Marketplace, таа нее јавно достапна нитуоднапред фиксна, бидејќисекоја фирма добива индивидуалнапонуда. Цената зависиод бројот на кориснициво компанијата, видотна модулите што сакаатда ги користат, циклусотна плаќање и времетраењетона договорот. Порадитоа, таа нее јавно објавена, тукусе договара директно со TIMOCOM тимот.

Кои услуги можат да користат регистрираните фирми?

Кога фирмата има активен пристап, добива можност да користи широк спектар на услуги:

Овие функции им помагаат на фирмите ефикасно да ги управуваат логистичките процеси, да го намалат времето за склучување договори и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот.

Колку корисници има TIMOCOM?

TIMOCOM поврзува повеќе од 55.000 претпријатија, и има повеќе од 154.000 активни поединечни корисници ширум Европа – што вклучува превозници, шпедитери, логистички фирми и други деловни партнери. Секојдневно се објавуваат до милион понуди за товар и капацитет, со што платформата останува една од најважните дигитални инфраструктури во европската логистика. 

Јазикот на TIMOCOM

Секоја од 40 европски држави во кои TIMOCOM работи веќе повеќе од четвртина век, има тим кој зборува на мајчиниот јазик на корисниците. Самиот TIMOCOM Marketplace е достапен на 24 европски јазици.

Добредојдовте на TIMOCOM

Ние сме TIMOCOM, дигитална транспортна берза за патен товар која обединува преку 55.000 верификувани компании. Во рамките на оваа безбедна средина, партнерите преговараат за трансакции, дигитално испраќаат задолжителни транспортни налози и споделуваат GPS податоци за следење во реално време.

Секојдневно, TIMOCOM им овозможува на своите корисници пристап до милион интернационални понуди со товари и возила, следење на 210.000 возила и планирање на 40 милиони рути годишно. Нашите стандардизирани интерфејси беспрекорно се интегрираат со постоечките системи за управување со транспорт и ERP системи, подобрувајќи ја оптимизацијата на процесите.

Со радост Ве поздравуваме како нов член на нашата логистичка мрежа. Регистрирајте се и тестирајте бесплатно TIMOCOM:

Преземете го соопштението за печат

Препорачани статии:

нагоре