14.04.2025
4

Забрани за движење на камиони во Северна Македонија и регионот во 2025 година

03 02 Truck ban Macedonia (1)

Планирањето на транспортот во меѓународниот сообраќај бара добра подготовка и познавање на важечките прописи за забрани за движење на камиони. Општите забрани за возење може да влијаат на ефикасноста на испораките и логистичките текови, па затоа е важно навремено да се приспособат релациите на движење.

Интересно е што, на пример, во Германија веќе речиси 50 години постои општа забрана за возење камиони во недела и на државни празници. Повеќето возила потешки од 7,5 тони тогаш мора да мируваат, а забраната важи за клучните автопати и сојузните патишта.

Во продолжение следува преглед на регионалните забрани за движење на камиони во 2025 годинаВажно е да се напомене дека покрај нив постојат и други видови ограничувања, вклучувајќи:

  1. Сезонски забрани во текот на летните месеци,
  2. Ограничувањаво зависност од видот на товарот (опасни материи, специјални транспорти) и
  3. Забраниво случај на неповолни временски услови.

Овој преглед се однесува исклучиво на општите забрани и не ги вклучува специфичните ограничувања поврзани со временските услови, специјалните транспорти или локалните сообраќајни мерки.

Северна Македонија без општа забрана

Во Северна Македонија не постојат општи забрани за движење на камиони, но може да има привремени ограничувања во случај на лоши временски услови или специјални сообраќајни мерки. Се препорачува редовно следење на информации од официјални извори.

Земји во регионот без општи забрани за движење на камиони

Освен Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина исто така немаат општи забрани за движење на товарни возила. Сепак, можно е да има привремени ограничувања во специфични услови, како што се временски непогоди, градежни работи на патиштата или специјални транспорти.

Земји со општи забрани за камиони

Грција – Камиони потешки од 3,5 тони имаат забрана за возење во недела и за празници од 15:00 до 22:00 часот.

Бугарија – Камиони потешки од 12 тони подлежат на ограничувања:
• Ден пред празник: од 16:00 до 20:00 часот
• На празник: од 00:00 до 24:00 часот
• Првиот ден по празник: од 14:00 до 20:00 часот

Хрватска – Камиони потешки од 7,5 тони не смеат да се движат:
• За празници: од 14:00 до 23:00 часот
• Во летната сезона (15 јуни – 15 септември):  сабота од 04:00 до 14:00 часот и недела од 12:00 до 23:00 часот

Унгарија – Камиони потешки од 7,5 тони подлежат на забрани во два периода:
• Лето (1 јули – 31 август): сабота од 15:00 до недела во 22:00 часот, како и од 22:00 часот пред празник до 22:00 часот на самиот празник.

• Останатиот дел од годината: во сабота од 22:00 до недела до 22:00 часот, како и за празници од 00:00 до 22:00 часот

Словенија – Забраните за возила над 7,5 тони вклучуваат:
• Недели и празници: од 08:00 до 22:00 часот
• Голем петок (велигден): од 14:00 до 22:00 часот
• Во текот на летна сезона (крај на јуни – почеток на септември): сабота од 08:00 до 13:00 часот и во недела од 08:00 до 22:00 часот

Словачка – Камиони потешки од 7,5 тони не смеат да се движат:
• Недели и празници: од 00:00 до 22:00 часот
• Лето (1 јули – 31 август): во сабота од 07:00 до 19:00 часот

Романија – Забраните за возила над 7,5 тони вклучуваат:
• Празници: од 06:00 до 22:00 часот (во зависност од патот)
• Ноќна забрана: за транспорт на опасни материи од 22:00 до 05:00 часот
• Летни ограничувања (1 јули – 31 август): петок, сабота и недела од 06:00 до 22:00 часот

Австрија – Ограничувања за камиони над 7,5 тони (и на некои делници за камиони над 3,5 тони):
• Сабота: од 15:00 до недела во 22:00 часот
• Недели и празници: од 00:00 до 22:00 часот
• Ноќна забрана: од 22:00 до 05:00 часот

Германија – Општа забрана за камиони над 7,5 тони:
• Недели и празници: од 00:00 до 22:00 часот
• Во лето (јули и август): сабота од 07:00 до 20:00 часот на одредени патишта


Препорака за следење на актуелните сообраќајни информации

Забраните за движење на камиони во регионот варираат од земја до земја, а многу држави имаат дополнителни ограничувања за време на летните месеци и празниците. Превозниците треба внимателно да ги планираат своите рути и редовно да ги следат актуелните сообраќајни информации за да избегнат доцнења и непотребни трошоци.

 

Mожеби и ова би ве интересирало:

 

Keywords:
нагоре