22.07.2025

Сè на едно место: Како новите TIMOCOM функционалности го менуваат секојдневното работење во логистиката

Allrounder - Blog etc. _copy_ - Variation 02 - Blog - 900x600px

Во логистиката, времето не е само пари – тоа е конкурентска предност. Секојдневниот притисок брзо да се одговори на барањата на пазарот, да се избегнат празни возења, да се најдат доверливи партнери и да се обработат големи количини податоци, лесно може да доведе до преоптовареност. Дури и со најдобри намери, процесите што вклучуваат повеќе средства, телефонски повици и разменети е-маилови често се покажуваат како извор на грешки и губење на ценети часови.

Звучи познато? 

Ако некогаш сте помислиле дека сè би било полесно кога целокупниот процес – од пребарување на понуди до заклучување на договорот – би се одвивал на една единствена платформа, не сте единствени. Токму таа идеја беше почетна точка за најновите промени во рамките на TIMOCOM Road Freight Marketplace.

TIMOCOM долго време не е само класична транспортна берза. Но, благодарение на најновите функции – како што се интегрираниот TIMOCOM Messenger, вештачката интелигенција за побрзо внесување на понуди, опцијата Деловни Зделки за потранспарентно работење, транспортни налози, како и интеграција со аналитика на цени преку API – поставуваат нова референтна точка за ефективно работење во логистиката.

Во продолжение откриваме како секоја од овие функционалности може да ја подобри вашата секојдневница – со помалку кликови, помалку телефонски повици и повеќе контрола над сопствената работа.

1. TIMOCOM Messenger – Комуникација без граници 

Во ситуации кога брзината на комуникација е клучна, TIMOCOM Messenger овозможува директна и безбедна размена на пораки внатре во платформата – без пребарување на телефонски броеви или чекање на е-маил одговор. Сите информации за договорите остануваат забележани на едно место, што олеснува следење и избегнува несогласности, а овој начин на комуникација е најбезбеден, најпрактичен и највнимателен. Клучни функции вклучуваат

  • Директен чет со контактите од понудите
  • Приказ на јазикот на партнерот и превод на пораките на вашиот јазик со прикажување на оригиналот
  • Испраќање документи преку drag-and-drop функцијата
  • Статуси на пораките (прочитано/непрочитано)
  • Долгорочна архива на комуникацијата (најмалку 12 месеци)
  • Автоматска поврзаност со понудите 

Користниците ја истакнуваат поголема прегледност и забрзано донесување одлуки. Сите информации остануваат во рамките на платформата, што ја зголемува безбедноста и ефикасноста.

2. TIMOCOM AI – Брзо и паметно внесување понуди 

Кога е потребно брзо и точно да се внесат повеќе понуди, TIMOCOM AI автоматски ги препознава и пополнува податоците од документите или сликите за помалку од 20 секунди. Оваа алатка посебно помага на тимови со голем обем на работа, бидејќи заштедува време и ја намалува можноста за грешка при рачно внесување. Основни функции се: 

  • Податоците можат да се копираат од е-маил, PDF, слика или Excel документ.
  • AI го анализира текстот и автоматски го пополнува формуларот за внес.
  • Се додаваат и дополнителни детали како тип на возило, вид на надградба, обем.
  • Понудата се преведува автоматски на повеќе јазици, без дополнителен напор од корисникот. 

Оваа функција значително заштедува време, ја намалува можноста за грешки и овозможува побрз пристап до соодветниделовни партнери.

3. Деловни Зделки – Дигитално склучување на договори

TIMOCOM Деловни Зделки претставува нешто слично на дигитално ракување внатре во платформата, обезбедувајќи им на сите страни безбедна рамка за договарање на условите за превоз. Оваа алатка ја олеснува формализацијата и потврдувањето на бизнис трансакциите, што го намалува ризикот од несогласувања или погрешни толкувања на договорените услови. 

Кога користите Деловни Зделки, сите информации за цената, времските рокови и условите за превоз автоматски се внесуваат во системот, што го олеснува следењето на извршувањето на договорот и ја намалува потребата за дополнителни чекори или документација. На овој начин, вашите бизнис партнери можат брзо да ги потврдат сите детали, а вие можете да имате целосна транспарентност во секој дел од трансакцијата. 

Со тоа не само што ги штитите вашите интереси, туку и ја зголемувате довербата во долгорочните деловни односи, бидејќи секој договор е јасно дефиниран и дигитално верификуван. Без е-маилови, PDF-ови и рачно архивирање. Со клик на копчето Деловни Зделки, го резервирате вашиот товар или слободно возило за избраниот деловен партнер за одредено време, додека тој договор не се потврди и прерасне во правно обврзувачки документ – транспортен налог. 

Клучни предности: 

  • Дигитален договор во неколку кликови (без телефон и непотврдени усмени договори)
  • Сите важни информации (датум, релација, цена, возило итн.) се прикажуваат јасно и се заеднички потврдени
  • Автоматска документација и архивирање внатре во системот
  • Правна безбедност: сите чекори се бележат, а записот се чува во согласност со прописите
  • Помалку грешки и несогласувања: сите услови се јасно дефинирани и потврдени 

Како функционира:

  1. По внесот или прифаќањето на понудата, партнерот испраќа “Предлог договор”
  2. Другата страна потврдува или предлага измени
  3. Кога Деловната Зделка е потврдена – документот автоматски се зачувува и може да се преземе

Покрај тоа, по завршената работа, двете вклучени страни можат да се оценат и на тој начин да придонесат за својата репутација на TIMOCOM Road Freight Marketplace. Оценките можат да ги видат сите корисници на платформата.

4. Транспортни налози – Структурирано управување со транспортот со максимална безбедност 

Транспортните налози не се нова функција во TIMOCOM Road Freight Marketplace, но го претставуваат следниот, логичен чекор по заклучувањето на договорот. 

  • Транспортни налози се креираат директно од прифатената понуда или преку функцијата Деловни Зделки.
  • Ги вклучуваат сите клучни елементи на транспортот: релација, рокови, цена, контакт информации, како и посебни напомени.
  • Достапни се на двете страни во реално време и корисничката архива ги чува 10 години, распоредени хронолошки – од најновиот кон најстариот.
  • Служат како референтен документ за целото време на транспортниот процес. 

Со интеграцијата со TIMOCOM Messenger и архивата, транспортните налози ја зголемуваат правната безбедност и го намалуваат ризикот од грешки во комуникацијата. 

Предности:

  • Транспарентна документација во дигитален облик
  • Лесен пристап и преглед на статусот
  • Автоматска архива и историја на налогот 

Во комбинација со функцијата Деловни Зделки, транспортните налози го затвораат целиот циклус: од наоѓање партнер до извршување на превозот.

5. Freight Price Insights API – Паметно одлучување 

Соработката на TIMOCOM со Translogica резултираше со решение што им овозможува на корисниците пристап до просечните цени по поминат километар на одредени релации за претходните 7 дена, што може да биде многу полезно за реална калкулација на цената на понудите. 

TIMOCOM сега нуди и увид во пазарните цени на транспортот преку API: 

  • Ги прикажува просечни цени за одредени релации во текот на последните 7 дена.
  • Помага на корисниците во формирањето понуди кои се конкурентни, но и профитабилни.
  • Овозможува стратегиско одлучување при прифаќањето и испраќањето понуди. 

За фирми кои користат свои TMS системи, API може лесно да се интегрира и користи автоматски.

Golden Deal: Користете функционалности и освоите вредни награди 

TIMOCOM организира Golden Deal наградна игра, во чии рамки се избираат добитници секој месец. Учествуваат сите корисници кои за време на месецот ќе направат најмалку три дистрибуции на товар преку платформата – користејќи токму алатки како TIMOCOM AI за брзо креирање на понуди, TIMOCOM Messenger за директна комуникација и Деловни Зделки како дигитална потврда за соработка. На тој начин, не само што ги забрзувате секојдневните процеси и ја зголемувате ефикасноста, туку истовремено учествувате во натпревар за вредни награди – вклучително и трошоци за транспорт до 1.500 евра месечно.

Повеќе информации и пријава за учество можете да најдете овде.

Една платформа. Многу решенија. 

TIMOCOM се позиционира како централна точка за дигитална логистика - новите функционалности претставуваат силен исчекор кон целосна дигитализација на логистичките процеси во транспортната индустрија. Автоматизацијата на внесот, дигиталните договори, интегрираните API, структурирани транспортни налози и транспарентна верификација на партнери овозможуваат побрза, попродуктивна и поефикасна соработка помеѓу сите учесници во ланец на снабдување

Во време кога брзината, доверливоста и флексибилноста се одлучувачки фактори за успех, ваквите решенија не се само технолошки напредок – туку и конкретна поддршка за секојдневните бизнис предизвици. Дигиталната логистика не е веќе само иднина – туку реалност достапна за секој превозник, шпедитер и логистички тим кој сака да работи поумно, а не потешко.

 

Mожеби и ова би ве интересирало:

Преземете го соопштението за печат
нагоре